Упатство За Употреба - Milwaukee C12 RT Consignes D'installation, D'utilisation Et De Sécurité

Masquer les pouces Voir aussi pour C12 RT:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Рамна брусилка
Волтажа на батеријата .........................................................
Брзина при оптоварување ....................................................
Дијаметар на прстенот ..........................................................
Максимален дијаметар на површината на абразивно шмирглање
Абразивен производ за керамичко или гумено лепење ..
Абразивен производ залепен ............................................
Тежина со батерија ................................................................
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот
EN 60 745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. ..................................................
Ниво на јачина на звук. .......................................................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите
насоки) пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
h
Дупчење во метал .............................................................
Несигурност К .....................................................................
Ленти од хартија за шмирглање ........................................
Несигурност К .....................................................................
Мелење на метал ................................................................
Несигурност К .....................................................................
Мелење на камен ................................................................
Несигурност К .....................................................................
Сечење на метал ................................................................
Несигурност К .....................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745
и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена
проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се
употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да
отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто
апаратот е исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на
осцилацијата за време на целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример:
одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните
процеси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни
упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции
за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Заеднички безбедносни упатства за мазнење, мазнење
со рапава хартија, работа со жичани четки, полирање и
делење:
a) Овој електро-алат треба да се употребува како
шлајферица, шлајферица со хартија за шмирглање,
четка со жица и машина за брусење со делење.
Почитувајте ги сите безбедносни упатства, упатства за
работа, прикази и податоци што ги добивате заедно со
електричниот алат. Доколку не ги почитувате следните
упатства, може да дојде до електричен удар, до пожар и/
или до тешки повреди.
b) Не употребувајте прибор што не е предвиден и
препорачан од производителот специјално за овој
електро-алат. Доколку извесен прибор можете да го
прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не
претставува гаранција за сигурно употреба.
c) Дозволениот број на вртежи на приборот мора да
биде најмалку толку голем колку што е максималниот
број на вртежи зададен на електро-алат. Приборот што
се врти побргу од дозволеното, може да се скрши и
разлета.
114
МАКЕДОНСКИ
C 12 RT
...........................12 V
............5000-32000 min
-1
..0,8 / 1,6 / 2,4 / 3,2 mm
...........................25 mm
...........................25 mm
........................0,62 kg
...........................73 dB (A)
...........................84 dB (A)
..........................2,4 m/s
2
..........................1,5 m/s
2
..........................2,6 m/s
2
..........................1,5 m/s
2
..........................3,1 m/s
2
..........................1,5 m/s
2
..........................1,8 m/s
2
..........................1,5 m/s
2
..........................3,4 m/s
2
..........................1,5 m/s
2
d) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот
мора да соодветствуваат со податоците за димензиите
на вашиот електро-алат. Приборите со несоодветна
димензија не можат да бидат соодветно заштитени или
контролирани.
e) Брусна плоча, цилиндар за брусење или друга
опрема, мора точно да одговараат на вретеното за
брусење или клештата за затегнување на електро-
орудието. Орудија за примена, кои што не одговараат
егзактно на вретеното за брусење на електро-орудието се
вртат нерамномерно, силно вибрираат и можат да доведат
до губење на контролата.
f) На трн монтирани плочи, цилиндар за брусење,
орудија за сечење или друга опрема, мора целосно да
бидат вметнати во клештата за затегнување или во
направата за бушење. „Преминот„ односно
растојанието на трнот од плочата према клештата за
затегнување мора да е минимален. Ако трнот недоволно
е затегнат/или преминот на плочата е премногу долг,
монтираната плоча може да се олабави и со многу голема
брзина да биде исфрлена.
g) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја
употреба извршете контрола, како на пример на
дисковите за брусење по однос на расцепи и
пукнатини, на подножјата за брусење по однос на
пукнатини, изабаност или голема искористеност, на
четките со жици по однос на лабави или скршени жици.
Ако електро-алатот или приборот паднат, проверете,
дали тие се оштетени или употребете неоштетен
прибор. Ако приборот сте го провериле и го
употребувате, тогаш вие и лицата, кои се наоѓаат во
близина, треба да бидете вон доменот на ротирачкиот
прибор и оставете го приборот да работи една минута
со максимален број на вртежи. Оштетениот прибор
најчесто се крши во овој тест-период.
h) Носете опрема за лична заштита. Зависно од
употребата, користете целосна визуелна заштита,
заштита за очите или заштитни очила. Доколку е
потребно, носете маска за заштита од прашина, заштита
за ушите, заштитни ракавици или специјална
престилка, со која се заштитувате од ситни честички од
шлајфувањето и од материјалот. Очите треба да бидат
заштитени од страни тела што се разлетуваат наоколу, а
кои настануваат при различни употреби. Заштита маска од
прашина и за дишење мора да ја филтрираат прашината
што се создава при работата. Доколку сте подолго време
изложени на гласна бучава, тоа може да предизвика
губење на слухот.
i) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да
се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг
на работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на
работа, мора да носи опрема за лична заштита. Можат
да се разлетаат парчиња од работниот материјал или од
скршен прибор и да предизвикаат повреди, исто така и
надвор од директниот делокруг на работа.
ј) Држете го апаратот само за изолираните површини за
фаќање, кога работите нешта, кај кои што
применливото орудие би можело да погоди струјни
водови или сопствениот мрежен кабел. Контактот со вод
кој што спроведува напон може да доведе и метални
делови од апаратот под напон и да доведе до електричен
удар.
к) Држете го електро-орудието при стартот секогаш
добро и цврсто. При подигнување на полна брзина,
моментот на реакција на моторот може да доведе до тоа,
електро-орудието да се изврти.
k) Доколку е возможно употребете стегач за
затегнување, за работното парче да го фиксирате.
Никогаш не држете мали парчиња кои што ги
обработувате во рака, а орудието во другата рака,
додека го употребувате орудието. Со затегнување на
помали парчиња за обработување, рацете ги имате
ослободено за подобро ракување со електро-орудието. При
одвојување на тркалезни парчиња за обработување, како
што се дрвени дибли, шипкаст материјал или цевки,
таквите имаат особина да се оттркалаат, со што влошката
на орудието може да се заглави и да биде исфрлен према
Вас.
m) Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана
од прибор што се врти. Доколку ја изгубите контролата
над електро-алатот, кабелот за напојување со струја може
да се исече или да се закачи и вашата рака или вашата
дланка да бидат повлечени во приборот што се врти.
n) Никогаш не оставајте го електро-алатот, додека тој не
постигне состојба на комплетно мирување. Електро-
алатот што се врти може да дојде во контакт со
површината, на којашто се остава, а на тој начин можете
да ја изгубите контролата над електро-алатот.
о) После менувањето на влошки за орудија или после
подесувањето кај апаратот, обезбедете се, дека мутерот
на клештите за затегнување, направата за бушење или
останати елементи за прицврстување се добро
затегнати. Лабави елементи за прицврстување можат
неочекувано да се поместат и да доведат до загуба на
контролата; неприцврстени, ротирачки компоненти насилно
излетуваат.
p) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите. Вашата облека може да биде закачена преку
случаен контакт со приборот што се врти, при што тој може
да навлезе во вашето тело.
q) Редовно чистете го отворот за проветрување на
вашиот електро-алат. Вентилаторот на моторот влече
прашина во куќиштето, а големо насобирање на метална
прашина може да предизвика електрични опасности.
r) Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат. Таквите материјали можат да се
запалат од искри.
s) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни
течни средства за ладење. Употребата на вода или на
други течни средства за ладење може да доведе до
електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како
последица на заглавен или блокиран прибор што се врти,
како на диск за брусење, подножје за брусење, четка со
жица итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до
неодложно стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин
неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна
насока од насоката на вртење на приборот во точката на
спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или
блокиран во материјалот, работ на дискот за брусење што
навлегува во материјалот, може да се закачи и на тој начин
да дојде до излегување на дискот или да се предизвика
повратен удар. Во таков случај дискот за брусење се движи
или кон операторот или настрана од него, зависно од
насоката на вртење на дискот во точката на спојување.
Притоа дисковите за брусење можат исто така и да се
скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
а) Добро и цврсто држете го електро-орудието и Вашето
тело и рацете доведете ги во позиција во која што
можете да ги поднесете и контролирате силите на
повратната вибрација. Корисникот со соодветни
предострожни мерки може да владее со таквите сили на
повратна вибрација односно повратен удар.
b) Работете посебно внимателно таму каде што има
ќошиња, остри рабови итн. Спречете ситуации во кои
што применливото орудие од парчето кое се
обработува би можело да се одбие или заглави.
Ротирачкото применувано орудие има својство, кај ќошиња,
остри рабови или пак кога се одбива, да се заглавува. На
тој начин може да дојде до губење на контролата или
повратен удар.
c) Не употребувајте тенки листови на пилата. Тенките
листови на пилата честопати предизвикуваат повратни
удари или губење на контролата над електро-орудието.
d) Секога водете го применуваното орудие во ист
правец со материјалот, во кој што работ на сечење го
напушта материјалот (одговара на истиот правец, во кој
што се исфрлуваат струготините). Водењето на електро-
орудието во погрешен правец доведува до тоа,
применуваното орудие да се исфрли од парчето кое што се
обработува, со што електро-орудието се вовлекува во тој
правец на помакнување.
е) Затегнете го секогаш добро парчето кое што се
обработува при обработка на челични листови на пили,
разделни плочи, орудија-фрезери со висока брзина или
фрезерски орудија од тврд метал. Уште при мало
закантување во жлебот тие применливи орудија се
заглавуваат и можат да предизвикаат повратен удар. При
заглавување на разделна плоча, таа обично се крши. При
заглавување на челични листови на пили, фрезерски
орудија со висока брзина или фрезер-орудија од тврд
метал, вметнатиот дел во орудието може да искочи од
жлебот и доведе до губење на контролата врз електро-
орудието.
Посебни безбедносни напомени за стругање и
разделно стругање:
а) Употребувајте исклучиво типови на плочи за
стругање, кои што се препорачуваат за Вашето електро-
орудие, и само за препорачаните можности за примена.
МАКЕДОНСКИ
115

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières