Ставање Во Употреба - Bosch GSR 18 V-EC TE Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GSR 18 V-EC TE Professional:
Table des Matières

Publicité

126 | Македонски
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (9) има два степени на блокирање, што
спречуваат, да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата
(10). Се додека е вметната батеријата во електричниот
уред, таа се држи во позиција со помош на пружина.
За вадење на батеријата (9) притиснете на копчињата за
отклучување (10) и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Промена на алат (види слика A)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Извлечете го граничникот за длабочина (4) нанапред.
Извадете го битот за завртување (1). По потреба може да
го извадите и универзалниот држач за битови (13) и да го
замените.
По успешната замена на алатот, повторно вметнете го
граничникот за длабочина (4).
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
u
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
1 609 92A 4PR | (19.10.2018)
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија (9) вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
рачката.
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: Турнете го прекинувачот за правец на
вртење (5) од двете страни се до крај во позиција
.
Лев тек: Турнете го прекинувачот за правец на
вртење (5) од двете страни се до крај во позиција
.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(7) и држете го притиснат.
LED-светилката свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) е напола или целосно
притиснат и овозможува осветлување на местото на
завртување/одвртување при неповолни светлосни
услови.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (7) притиснете го копчето за
фиксирање (6).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (6),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) и потоа отпуштете го.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Подесување на длабочината на завртување (види
слика B)
Со чаурата за подесување (3) со вртење може да се
избере длабочината на завртување на главата на
одвртувачот во делот што се обработува (3) во неколку
степени. Секој степен одговара на промената на
длабочината за завртување за 0,25 mm.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières