Ракување
▶ Испрограмирајте други денови од седмицата на истиот
начин.
За да ги избришете тајмерите за избраниот ден:
▶ Притиснете го копчето DAY OFF.
Дефинирање време на поставка
▶ Притиснете ги копчињата . или / за да го поставите
времето.
▶ Потврдете со копчето .
Избор на главен режим на работа
▶ Притиснете ги копчињата . или / за да го изберете
главниот режим на работа ( табела 75, [1],
страница 147).
▶ Потврдете со копчето .
Брзината на вентилаторот не може да се поставува кога се
избрани автоматска работа или одвлажнување.
Поставување температура на просторија
▶ Притискајте ги копчињата . или / за да ја поставите
саканата температура на просторијата.
▶ Потврдете со копчето .
Степен на вентилаторот
▶ Притиснете ги копчињата . или / за да го поставите
нивото на вентилаторот.
▶ Потврдете со копчето .
Не може да ја одредувате температурата ако сте поставиле
режим на вентилатор.
Активирање тајмер
▶ Притискајте го копчето TIMER додека на екранот не се
прикаже WEEK 2.
Тајмерот сега е вклучен. Уредот ќе се постави
соодветно според избраните времиња и денови.
Деактивирање тајмер
▶ Држете ги копчињата K или TIMER повеќе секунди.
5.5.4 Други поставки за седмичен тајмер
Привремено исклучување на тајмерот
За да го исклучите тајмерот само за избрани денови:
▶ Притискајте го копчето TIMER додека на екранот не се
прикаже WEEK 1 или WEEK 2.
▶ Притиснете го копчето .
150
▶ Притиснете ги копчињата . или / за да го изберете
денот од седмицата.
▶ Притиснете го копчето DAY OFF.
Избраниот ден веќе не е прикажан.
Тајмерот е исклучен за деновите што не се прикажани сè
додека денот не измине.
▶ Повторно притиснете го копчето DAY OFF за да е
видлив денот повторно.
▶ Повторете ако треба за другите денови.
Примена на поставките од еден ден на друг ден
(копирање)
▶ Притискајте го копчето TIMER додека на екранот не се
прикаже WEEK 1 или WEEK 2.
▶ Притиснете го копчето .
▶ Притиснете ги копчињата . или / за да го изберете
денот за кој треба да се применат поставките.
▶ Притиснете го копчето COPY за да се копираат
поставките.
На екранот се прикажува CY.
▶ Притиснете ги копчињата . или / за да го изберете
денот во кој треба да се ископираат поставките.
▶ Притиснете го копчето COPY за да се додадат
копираните поставки.
Избраниот ден од седмицата трепка кратко за потврда.
▶ Повторете го процесот на додавање копија за другите
денови.
▶ Притиснете го копчето за да се преземат поставките.
5.6
Поставување функција за дување во
повеќе насоки
HAПOMEHA
Кога перката за насочување на воздухот се задржува во
најдолната позиција подолг временски период за време на
ладењето, може да се појави кондензација. Рачното
приспособување на перката за насочување на воздухот
може да предизвика дефект.
▶ За приспособување на протокот на воздух на перката
користете ги само жичениот регулатор на просторија
или далечински управувач.
Функцијата и достапноста на функцијата за дување во
повеќе насоки зависи од внатрешната единица.
Climate Room Control – 6721841498 (2025/07)