Bosch GTC 400 C Professional Notice Originale page 230

Masquer les pouces Voir aussi pour GTC 400 C Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
OBJ_BUCH-3136-002.book Page 230 Tuesday, August 22, 2017 6:26 PM
230 | Македонски
Уредот и понатаму ги мери минималните и максимални-
те температури и ги прикажува истите на краевите на
скалата. Но, вие можете да контролирате кој темпера-
турен опсег да се прикаже со боја како топлотна слика.
– „Мануелно"
Ако во топлотната слика се измерат температури со
големи отстапувања (на пр. грејни тела како топол
објект при пребарување на топлински мостови), тогаш
боите што се на располагање се распределуваат на
висок број на температурни вредности во опсегот меѓу
максималната и минималната температура. Тоа може
да доведе до тоа, малите температурни разлики веќе да
не може детално да се прикажат. За да се постигне
детално прикажување на фокусната температура,
постапете на следниот начин: Откако ќе смените во
режимот „Мануелно" можете да ја подесите
максималната одн. минималната температура. На тој
начин можете да го утврдите температурниот опсег,
којшто е релевантен за вас и во којшто сакате да
препознаете мали разлики. Поставката Ресетирање
повторно автоматски ја прилагодува скалата на
измерената вредност во видливото поле на
инфрацрвениот сензор.
Главно мени
За да го отворите главното мени, притиснете на копчето
„Func" 6 за повикување на мерните функции. Сега
притиснете го функциското копче десно 7.
– „Мерење"
– „Степен на емисија" c:
За најчестите материјали на располагање имате
зачувани степени на емисија. Во точката од менито
„Материјал" изберете го соодветниот материјал.
Соодветниот степен на емисија ќе биде прикажан во
редот подолу.
Доколку Ви е познат точниот степен на емисија на
Вашиот мерен објект, истиот можете да го подесите
како бројна вредност во точката од менито „Степен
на емисија".
– „Рефлектирачка температура":
Подесувањето на овој параметар го подобрува
мерниот резултат особено кај материјали со низок
степен на емисија (= висока рефлексија). Најчесто,
рефлектирачката температура одговара на околната
температура.
Ако објектите со температури со големи отстапувања
можат да влијаат врз мерењето во близина на мошне
рефлектирачки објекти, тогаш оваа вредност треба
да се прилагоди.
– „Приказ"
– „Жешка точка" k: „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
Во оваа функција автоматски се означува
најжешката точка (= мерен пиксел) во мерното поле
со црвен покажувач на топлотната слика. Ова може
да Ви олесни препознавање на критично место, на
пр. лабав терминал во разводниот ормар.
1 609 92A 3RD | (22.8.17)
– „Ладна точка" m: „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
Најладната точка (= мерен пиксел) во мерното поле
автоматски се означува со син покажувач на
топлотната слика. Ова може да Ви олесни
препознавање на критично место, на пр. место што
не дихтува во изолација.
– „Покажувач" l: „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
Покажувачот се прикажува во средината на
топлотната слика и ја покажува измерената
температурна вредност на ова место.
– „Скала" h: „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
– „WiFi": „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
(види „Пренос на податоци", страница 231)
– „Track My Tools": „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
(види „TrackMyTools", страница 233)
– „Уред"
– „Јазик"
Под оваа мерна точка можете да го прилагодите
јазикот на сите прикази.
– „Време и датум" a
За да ги промените датумот и времето во приказот
повикајте го подменито „Време и датум". Во ова
подмени можете да го промените и форматот на
датумот и времето.
За напуштање на подменито „Време и датум"
притиснете или на левото функциско копче 13 под
знакот за штиклирање за да ги зачувате поставките,
или десното функциско копче 7 под ознаката со крст,
за да ги отфрлите промените.
– „Тонски сигнали": „ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО"
Под оваа мерна точка можете да ги вклучите и
исклучите сигналните тонови.
– „Време на исклучување"
Со оваа точка од менито можете да го изберете
временскиот интервал кога треба мерниот уред
автоматски да се исклучи, доколку не се притисне
ниедно копче. Исто така може да го деактивирате
автоматското исклучување, доколку ја изберете
поставката „Никогаш".
– „Бришење на сите слики"
Со оваа точка од менито можете одеднаш да ги
избришете сите податоци, коишто се наоѓаат во
внатрешната меморија. Притиснете на копчето со
стрелка лево 8 за „повеќе ...", за да влезете во
подменито. Потоа притиснете или на левото
функциско копче 13 под знакот за штиклирање, за да
ги избришете сите податоци или на десното
функциско копче 7 под ознаката со крст за да го
прекинете процесот.
– „Информации за уредот"
Со оваа точка од менито можете да ги повикате
информациите преку мерниот уред. Таму ќе го
најдете серискиот број на мерниот уред и
инсталираната верзија на софтвер.
За да излезете од менито и да се вратите во стандардниот
екран за приказ, можете исто така да го притиснете и
копчето 17.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières