196 | Македонски
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Ширината на сечењето варира во зависност од
користениот сечило за пила.
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Насочете го електричниот алат рамномерно и со мал
притисок во насоката на сечење за да добиете добар
квалитет од сечењето. Прекумерното движење
значително го намалува работниот век на алатите за
вметнување и може да го оштети електричниот алат.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на сечилото
за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават
должински или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач
за прав.
Сечење со паралелен граничник (види слика F)
Паралелниот граничник (10) овозможува прецизни
резови по должината на делот што се обработува, како на
пример сечење на ленти со исти димензии.
Олабавете ја пеперутка-завртката (8) и турнете ја скалата
на паралелниот граничник (10) низ отворот на основната
плоча (13). Поставете ја саканата ширина на резот како
вредност на скалата на соодветните ознаки за сечење
(30) одн. (31), види дел „Ознаки за сечење". Повторно
зацврстете ја пеперутка завртката (8).
Сечење со шина водилка (види слики G–I)
Со помош на шината водилка (32) може да правите
праволиниски резови.
Лепливиот слој го спречува лизгањето на шината водилка
и ја негува површината на делот што се обработува.
Шината водилка (32) може да се продолжи. Свртете ја
шината водилка (32) за 180° и вклопете ги двете шини
водилки (32). За фиксирање притиснете го копчето (33).
За демонтажа притиснете го копчето (33) на другата
страна и извлечете ги шините водилки (32).
Шината водилка (32) на горната страна има две ознаки.
Страната со ознаката „90°" користете ја за сечење под
десен агол, а страната со ознаката „45°" користете ја за
сите други видови сечења со закосување.
1 609 92A 8PC | (23.03.2023)
Гумената лента на шината водилка при сечење под агол
од 90° и 45° овозможува заштита од кинење, односно при
сечење на дрвени материјали го спречува кинењето на
горната површина на материјалот.
При првото сечење, гумената лента се адаптира на
Вашата тркалезна пила и малку се отсекува.
Напомена: Шината водилка (32) мора да стои рамно на
делот што се обработува и не смее да стрчи.
Доколку шината водилка (32) стрчи надвор од краевите
на делот што се обработува, не ја оставајте тркалезната
пила на шината водилка (32), без притоа цврсто да ја
држите пилата. Шината водилка (32) е изработена од
пластика и не може да ја поднесе тежината на
тркалезната пила.
Прицврстете ја шината водилка (32) со специјални
столарски стеги (34) на делот што се обработува.
Внимавајте испакнатината на внатрешната страна од
столарските стеги (34) да легне во соодветниот жлеб на
шината водилка (32).
Вклучете го електричниот алат водете го рамномерно со
лесен притисок во правецот на сечење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш слободно
да се движи и да се затвора. Пределот околу
осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде
чист. Отстранете ги прашината и струганиците со четка.
Необложените сечила за пила може да се заштитат од
корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред
сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки
на дрвото.
Остатоците од смола и лепак на сечилото за пила го
нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги
сечилата за пила веднаш по употребата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Bosch Power Tools