Télécharger Imprimer la page

Bosch GSR 140-LI Notice Originale page 151

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-2945-001.book Page 151 Thursday, September 15, 2016 8:36 AM
 Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, доколку:
– се преоптовари електричниот алат или
– е накривен во однос на парчето што се обработува.
 Цврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Bosch Power Tools
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е одреден за зашрафување и
одвртување на шрафови како и за дупчење во дрво,
метал, керамика и пластика. Покрај тоа, GSB е наменет за
ударно дупчење во цигли, ѕид и камен.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прифат на алатот
2 Брзозатегачка глава
3 Прстен за подесување на вртежниот момент
4 Прекинувач за избор на начинот на работа
(GSB 140-LI, GSB 180-LI)
5 Прекинувач за избор на брзина
6 Капаче за затворање
7 Батерија
8 Копче за отклучување на батеријата
9 Работно светло
10 Прекинувач за менување на правецот на вртење
11 Прекинувач за вклучување/исклучување
12 Рачка (изолирана површина на дршката)
13 Универзален држач за битови*
14 Карбонски четки
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Македонски | 151
1 609 92A 34L | (15.9.16)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gsr 180-liGsb 140-liGsb 180-li