Télécharger Imprimer la page

Makita PDC1200 Manuel D'instructions page 222

Support d'alimentation portable
Masquer les pouces Voir aussi pour PDC1200:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 27
Доколку ламбичката за главно напојување
наизменично трепка црвено и зелено, исклучете
го напојувањето, а потоа вклучете го. Доколку
ламбичката за главно напојување наизменично
трепка црвено и зелено по вклучување на
напојувањето, побарајте го вашиот локален
овластен сервисен центар на Makita за поправка.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за напојување на уредот
за да се прикаже преостанатиот капацитет на
батеријата. Индикаторските ламбички светнуваат
околу 5 секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Доколку алатот или машината
имаат ламбичка на индикаторот за преостанатиот
капацитет на батеријата, не погледнувајте
во ламбичките на индикаторот од алатот или
машината, туку во ламбичките на индикаторот од
уредот.
НАПОМЕНА: Ако повеќе ламбички на индикаторот
трепкаат, батеријата е прегреана. Во овој случај,
оладете ја батеријата.
Систем за заштита на алатот/
машината/батеријата
Алатот или машината е опремена со систем за
заштита на алатот или машината и батеријата.
Овој систем автоматски го прекинува напојувањето
на моторот за да го продолжи работниот век на
алатот или на машината и на батеријата. Алатот
или машината автоматски ќе се исклучи за време
на работењето ако тој, машината или батеријата се
најдат под еден од следниве услови:
Преостанат
капацитет
Трепка
од 75% до
100%
од 50% до
75%
од 25% до
50%
од 0% до
25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
222 МАКЕДОНСКИ
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот, машината или батеријата, се
работи на начин што предизвикува повлекување
прекумерно висока струја, алатот или машината
автоматски се исклучува. Во таква ситуација,
исклучете го алатот или машината и запрете
со примената што предизвикала нивно
преоптоварување. Потоа, вклучете го алатот или
машината за да се рестартира.
Заштита од прегревање
Кога алатот, машината или батеријата се прегреани,
алатот или машината автоматски запира. Во
овој случај, оставете ги алатот или машината
и батеријата да се оладат пред повторно да ги
вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата не е доволен, алатот
или машината автоматски запира, а ламбичката на
индикаторот трепка кога ќе го притиснете копчето за
напојување. Во овој случај, извадете ја батеријата
од алатот или машината и наполнете ја батеријата.
Користење на џебот за адаптер
ВНИМАНИЕ:
Не користете го уредов со
кабелот што е прицврстен со помош на кука
или спојка на јамката од џебот за адаптер.
Адаптерите може да ги ставите во џебот за адаптер
како што е прикажано на сликата.
► Сл.5: 1. Адаптер 2. Џеб за адаптер
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на
уредот, проверете дали е исклучен.
Склопување на уредот
1.
Прикачете ја батеријата на основната плоча од
склопот на ременот за рамо како што е прикажано
на сликата.
► Сл.6: 1. Батерија 2. Основна плоча
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека батеријата
е цврсто затегната на основната плоча. Во
спротивно, батеријата може да падне кога ја
носите или користите и да предизвика повреда.
Ако можете да го видите црвениот индикатор
како што е прикажано на сликата, батеријата не е
целосно блокирана во место.
► Сл.7: 1. Црвен индикатор
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не си ги
потфатите прстите или палците помеѓу
батеријата и основната плоча кога ќе ја
прикачувате батеријата.

Publicité

loading