Одржување И Нега - AL-KO BC 225 L Mode D'emploi

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 35
Уредување околу стебла на дрва
1. Водете го апаратот внимателно и полека околу
стебла за дрва, така што конецот за сечење да не
ја допира кората на дрвото.
2. Косете во насока од лево кон десно околу
стеблата на дрвата.
3. Зафаќајте ја тревата и троскотот со врвот на
конецот, наклонувајќи ја притоа главата на
конецот лесно кон напред.
Уредувањето покрај камени ѕидови, темели,
дрва води до зголемено абење на конецот.
Косење
1. Наклонете ја главата на конецот во агол од
30 степена надесно.
2. Поставете ја рачката во саканата позиција.
Внимание!
Отстранете туѓи тела што се наоѓаат во работното
подрачје.
Опасност од повреди/материјално оштетување како
последица на излетувачки туѓи тела.
Косење со ножот за сечење
При косење со ножот за сечење тој се управува со
хоризонтално движење во форма на површината од
една на друга страна.
Внимание!
Пред употреба на ножот за сечење дополнително
обрнете внимание на следното:
Употребете го ременот за носење
Проверете дали заштитната хауба и листот на
сечилото се правилно монтирани
Носете заштитна облека и заштита за очи
Не употребувајте дискови за сечење троскот за
да сечете џбунови и млади дрвја!
Внимание!
Употребувајте само оригинални ножеви за сечење
и додатоци!
Неоригинални делови можат да доведат до повреди
и пречки при функционирањето на апаратот!
Избегнување повратен удар
Внимание!
Не го употребувајте ножот за сечење во близина на
тврди пречки - опасност од повратен удар / опасност
од повреда!
469545_a
Заглавување
Густата вегетација, младите дрвја или џбуновите можат
да го блокираат дискот за сечење и да го доведат во
состојба на мирување.
Избегнувајте блокади така што ќе внимавате, во која
насока се наклонува џбунот и на тој начин ќе можете
да сечете од спротивната страна
Доколку дискот за сечење се заглави при сечењето
Веднаш исклучете го моторот
Држете го апаратот во висина за дискот за
сечење да не скокне или да не се скрши
Заглавениот материјал оттурнете го од засекот
Одржување и нега
По секоја употреба исчистете го апаратот со четка
и сува крпа. Не користете детергенти или вода
Филтер за воздух
Внимание!
Апаратот никогаш да не работи без филтер за воздух.
Редовно чистете го филтерот за воздух. Оштетениот
филтер заменете го.
1. Отстранете ја ѕвездестата завртка, тргнете го
капакот и извадете го филтерот за воздух.
2. Филтерот за воздух исчистете го со сапун и вода.
Не употребувајте бензин!
3. Оставете го филтерот за воздух да се исуши.
4. Монтирајте го филтерот за воздух во спротивен
редослед.
Филтер за гориво
Внимание!
Апаратот никогаш да не работи без филтер за гориво.
Како последица на тоа може да се појават тешки
оштетувања на моторот.
1. Извадете го целосно капачето од резервоарот.
2. Испразнете го останатото гориво во соодветен сад.
3. Извадете го филтерот од резервоарот со кука од
жица.
4. Извлечете го филтерот со ротирачко движење.
5. Заменете го филтерот.
Нагодување на карбураторот
Карбураторот е фабрички оптимално нагоден.
MK
249

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Bc 225 b

Table des Matières