Bosch Uneo Notice Originale page 162

Masquer les pouces Voir aussi pour Uneo:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
162 | Македонски
Ставање на алат за вметнување без SDS-Quick (види
слика E)
Напомена: Не користете алати без SDS-Quick за ударно
дупчење! Алатите без SDS-Quick и главата за дупчење
што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење.
– Вметнете ја брзозатегнувачката глава за дупчење
(20).
– Држете ја цврсто задната чаура (22) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (20) и свртете ја
предната чаура (21) во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека не се вметне алатот.
Вметнете го алатот.
– Држете ја цврсто задната чаура на брзозатегнувачката
глава за дупчење (20), а предната чаура свртете ја
цврсто со рака во правец на стрелките на часовникот
додека целосно не се вклопи. Со тоа, главата за
дупчење автоматски се заклучува.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се
вклопува, а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура (21) во
правец спротивен на стрелките на часовникот. Потоа
може да се затвори алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (4) во позиција „Дупчење".
Вадење на алати за вметнување без SDS-Quick (види
слика F)
Држете ја цврсто задната чаура (22) на
брзозатегнувачката глава за дупчење и свртете ја
предната чаура (21) на истата во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека не се извади алатот.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
1 609 92A 86E | (13.07.2022)
Употреба
Ставање во употреба
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (4)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
Напомена: Променете го режимот на работа само
u
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
– За промена на режимот на работата свртете го
прекинувачот за запирање на удари/вртежи (4) во
саканата позиција „Дупчење".
Позиција за ударно дупчење во бетон,
цигли или камен
Позиција за дупчење без удар во дрво
или метал
Позиција за завртување
Подесување на правецот на вртење (види
слика G)
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (8) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (8)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (9) е притиснат ова не е
возможно.
– Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (8) налево до крај.
Приказот за правец на вртење со десен тек (5)
свети доколку е активиран прекинувачот за
вклучување/исклучување (9) и доколку
моторот работи.
– Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки
и навртки притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење (8) кон десно до крај.
Приказот за правец на вртење со лев тек (7)
свети доколку е активиран прекинувачот за
вклучување/исклучување (9) и доколку
моторот работи.
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (9) и држете го притиснат.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières