Напомени За Оптимално Користење На Батериите - Bosch Uneo Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour Uneo:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во
прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете
на копчињата за отворање и извлечете ја батеријата.
Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот за наполнетост на акумулаторската батеријата
при напола или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување ја прикажува состојбата за
наполнетост на батеријата.
LED-светилки
Капацитет
Трајно зелено светло
60–100 %
Трајно портокалово светло 30–60 %
Трајно црвено светло
10–30 %
Трепкаво црвено светло
0–10 %
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење потребен ви е SDS-Quick-алат за
вметнување.
За дупчење без удар на дрво, метал, керамика или
пластика може да користите соодветен SDS-Quick-алат за
вметнување или алат за вметнување со клуч со
внатрешна шестаголна глава или брзозатегнувачка глава
за дупчење со уреди за вметнување без SDS-Quick.
За одвртување користете само битови за одвртувач со
топчест затворач (14) (DIN 3126-E6.3). Другите битови
за одвртувачот (13) може да ги ставите со помош на
универзален држач за битови со топчест затворач (12).
Избор на соодветни алати за вметнување ќе најдете во
прегледот на опрема на крајот од ова упатство.
Bosch Power Tools
Менување на главата за дупчење
Менување на брзозатезната глава за дупчење
За да може да работите со алати без SDS-Quick (на пр.
дупчалка со цилиндрично вратило), мора да ја вметнете
брзозатегнувачката глава (20).
Вметнување на брзозатегнувачката глава за дупчење
(види слика B)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Брзозатегнувачката глава за дупчење (20) со
вратилото за прифат ставете ја со вртење во прифатот
за алат, додека самата не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на истата.
Вадење на брзозатегнувачката глава за дупчење
– Турнете ја чаурата за заклучување (3) наназад и
извадете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (20).
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (2) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (2) е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Промена на алат
Прифатот за алат може да фати различни
алати за вметнување со шестаголен
прифат со жлеб и SDS-Quick-прифат.
Со прифатот за алат можете едноставно и
лесно, без користење на дополнителни
алати, да го замените алатот што се
вметнува.
Со алатот за вметнување може слободно да се маневрира
поради системот. Така, при празен од настанува
отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на
прецизноста на дупчењето на дупката, бидејќи
дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Ставање на SDS-Quick-алатот за вметнување (види
слика C)
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Вадење на SDS-Quick-алатот за вметнување (види
слика D)
– Турнете ја чаурата за заклучување (3) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Македонски | 161
1 609 92A 86E | (13.07.2022)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières