Одржување И Нега - AL-KO 18-103.2 HD Comfort Traduction De La Notice D'utilisation Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 70
Транспорт
НАПОМЕНА
Пред чистењето испразнете ја
корпата за собирање трева како што е
опишано. Една полна корпа за
собирање трева е премногу тешка за
да би можеле безбедно да ја симнете.
Симнување на корпа за собирање трева
(220 л)
1. Исклучете го моторот.
2. Лесно подигнете ја корпата за собирање
трева.
3. Извадете ја корпата за собирање трева на
нагоре.
Симнување на корпа за собирање трева
(300 л)
1. Исклучете го моторот.
2. Откачете ги придушувачите на гасен
притисок од тракторот и заглавете ги на
носачите од корпата за собирање трева.
3. Лесно подигнете ја корпата за собирање
трева.
4. Извадете ја корпата за собирање трева.
8.2
Чистење на куќиштето, моторот и
менувачот
ВНИМАНИЕ!
Оштетување на електричната
постројка поради навлезена вода!
При чистењето на тракторот со вода
внимавајте да не навлезе вода во
електричната постројка!
Не користете вода или уред за чистење под висок
притисок за прскање на моторот или на лагерските
точки (тркала, менувач, лагер на нож).
Навлезената вода во системот за палење,
карбураторот и филтерот за воздух може да
предизвика дефекти. Водата во лагерските
точки може да доведе до губење на
подмачкувањето а тоа може да предизвика
непоправлива штета на лагерите.
За отстранување на нечистотија и остатоци од
трева користете крпа, рачна метла, долга
четка или слично.
8.3
Чистење на каналот за исфрлување
Преку редовно чистење се гарантира лесното
движење на регулирањето на висината на косење.
Каналот за исфрлување се состои од два
дела вметнати еден во друг. Долниот дел е
цврсто фиксиран во куќиштето од косилката.
Горниот дел може да се извади за чистење.
1. Отстранете ја корпата за собирање трева.
2. Отстранете ги завртките (15/1) лево и
десно на каналот за исфрлување.
3. Извлечете го каналот за исфрлување
(15/2) на назад преку задниот ѕид.
4. Темелно исчистете го горниот и долниот
канал за исфрлување.
5. Вметнете го каналот за исфрлување во
задниот ѕид. Притоа внимавајте на тоа,
горниот и долниот дел чисто да се спојат.
6. Цврсто зашрафете го со двете завртки за
прицврстување.
7. Монтирајте ја корпата за собирање трева.
9 ТРАНСПОРТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пригмечување ако се
преврти уредот!
Лицата може сериозно да се повредат
од сопствената тежина на уредот.
Бидете особено внимателни при
товарање и растоварање на
уредот кога го транспортирате на
возило или на приколка!
При транспорт на тракторската косилка со
транспортна опрема (на пр. приколка за
автомобил), алатката за косење мора да се
поддржи одоздола со цел да се намали
оптоварувањето на закачувањето на алатката
за косење.
За време на транспорт, проверете дали
транспортните средства имаат доволен
капацитет за товар и дали соодветно е
прицврстена тракторската косилка.
10 ОДРЖУВАЊЕ И НЕГА
Опасности при одржувањето!
При сите работи за одржување важи:
Исклучете го моторот и извлечете го
контактниот клуч.
Отстранете го конекторот на свеќичката.
Отстранетите заштитни уреди поради
одржувањето мора повторно да се
монтираат по одржувањето.
ОПАСНОСТ ОД ИЗГОРЕНИЦИ:
Работете на тракторската косилка дури
519

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières