Makita PLM4621N2 Manuel D'instructions D'origine page 274

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Повремено
проверувајте го адаптерот за сечилото да не е
напукнат, особено ако удрите во некој предмет.
Заменете ако е потребно.
За најдобри резултати, сечилото треба да е остро.
Сечилото може да се наостри откако ќе се извади и ќе
се избруси или истурпија работ за сечење колку што е
можно поблиску до оригиналната состојба. Многу е
важно секој раб за сечење да се избруси подеднакво
за да не дојде до неврамнотежено сечило.
Неправилна рамнотежа на сечилото ќе доведе до
прекумерни вибрации, што може да ги оштети моторот
и косилката. Внимателно врамнотежете го сечилото по
острењето. Сечилото може да се испроба дали е
врамнотежено со ставање на врвот на завртка.
Отстранувајте метал од потешката страна додека не
се врамнотежи рамномерно. (Сл. 25)
Пред повторно да ги склопите сечилото и адаптерот за
сечило на уредот, подмачкајте ја погонската оска на
моторот и внатрешната површина на адаптерот за
сечилото со лесно масло. Монтирајте го адаптерот за
сечило на оската со „ѕвездичката" подалеку од
моторот. Видете на Сл. 25. Ставете го сечилото со
бројот на делот свртен од адаптерот. Порамнете ја
шајбната преку сечилото и вметнете ја имбус-
завртката. Затегнете ја имбус-завртката до моментот
наведен подолу.
10-3 ВРТЛИВ МОМЕНТ ЗА МОНТИРАЊЕ
НА СЕЧИЛОТО
Средишната завртка треба да се затегне до момент од
35 - 45 Nm. За да осигурате безбедна работа на уредот.
СИТЕ навртки и завртки треба да се проверуваат
повремено дали се затегнати. По подолга употреба,
особено на попесоклива почва, сечилото ќе се изаби и
ќе го изгуби оригиналниот облик. Сечењето ќе биде
помалку ефикасно и сечилото треба да се замени.
Заменувајте го само со фабрички одобрено сечило.
Производителот не е одговорен за евентуални
оштетувања поради неврамнотеженост на сечилото.
Кога го менувате сечилото, треба да го користите
оригиналниот тип означен на сечилото (MAKITA
263001451) (за да нарачате сечило, контактирајте со
локалниот продавач или јавете се кај нас).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не допирајте сечило
што се врти.
10-4 МОТОР
Видете во посебниот прирачник за моторот за
упатства за одржување на моторот.
Одржувајте го моторното масло како што е наведено
во посебниот прирачник за моторот спакуван со
вашиот уред.
Прочитајте ги упатствата и проследете ги внимателно.
Сервисирајте го пречистувачот за воздух како што е
наведено во прирачникот за моторот под нормални
услови. При крајно правливи услови, чистете на
неколку часа. Слаби перформанси на моторот и
преплавување обично укажуваат дека пречистувачот
на воздух треба да се сервисира.
274
За да го сервисирате пречистувачот на воздухот,
видете во прирачникот за моторот спакуван со вашиот
уред.
Свеќичката треба да се чисти и зазорот да се
ресетира еднаш во сезона. Се препорачува замена на
свеќичката на почетокот на секоја сезона на косење;
видете во прирачникот за моторот за правилниот тип
свеќичка и спецификациите на зазорот.
Чистете го моторот редовно со крпа или четка.
Одржувајте го системот за ладење (куќиштето на
дувачот) чист за да овозможите правилно кружење на
воздухот коешто е многу важно за работата и векот на
траење на моторот. Внимателно отстранувајте ги
тревата, земјата и запаливите отпадоци од подрачјето
на придушувачот.
11. УПАТСТВА ЗА ЧУВАЊЕ (ВОН
СЕЗОНА)
Следниве чекори треба да се преземат за да се
подготви косилката за чување.
1. Испразнете го резервоарот по последното косење
сезоната.
a) Испразнете го резервоарот за бензин со пумпа
за цицање.
ВНИМАНИЕ: Не цедете го бензинот во
затворени простории, близу до отворен пламен и сл.
Не пушете! Пареата од бензинот може да предизвика
експлозија или пожар.
b) Запалете го моторот и оставете го да работи
додека не го потроши преостанатиот бензин и
застане.
c) Извадете ја свеќичката. Со кантичка за масло
ставете околу 20 мл масло во комората за
согорување. Работете со стартерот за да го
распоредите маслото рамномерно во комората
за согорување. Вратете ја свеќичката на место.
2. Исчистете ја и подмачкајте ја косилката
внимателно, како што е опишано во „УПАТСТВА ЗА
ПОДМАЧКУВАЊЕ".
3. Подмачкајте го малку секачот за да избегнете
корозија.
4. Одложете ја косилката на суво, чисто место
заштитено од мраз, подалеку од досегот на
неовластени лица.
ВНИМАНИЕ: Моторот треба да е целосно
изладен пред да се одложи косилката.
НАПОМЕНА:
- Кога одложувате каква било моторна опрема во
непроветрена или шупа за чување материјали;
- Треба да се преземат мерки за заштита од
'рѓосување на опремата. Премачкајте ја опремата
со лесно масло или силикон, особено каблите и
подвижните делови.
- Вимавајте да не ги извиткате или прекршите
каблите.

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Plm4622n2

Table des Matières