Makita PLM4626N Manuel D'instructions page 236

Tondeuse thermique
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
сечилото уште 1/3 од должината при второто косење и
можеби косејќи по друга патека отколку првиот пат.
Преклопувајте ја патеката по малку при секое
поминување за да се исчистат преостанатите
парченца на тревникот. Со косилката треба да се
работи со полн гас за да се добие најдобро сечење и
за да може да искоси најефикасно. Исчистете ја
долната страна на главата. Внимавајте да ја чистите
долната страна на главата за косење по секоја
употреба за да спречите наталожување трева, што ќе
спречи правилно малчирање. Косење лисја. Косењето
лисја исто може да биде корисно за тревникот. Кога
косите лисја, внимавајте да се суви и да не се во
многу дебел слој на тревникот. Не чекајте сите лисја
да паднат од дрвјата пред да косите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако удрите во туѓ
предмет, сопрете го моторот. Извадете го кабелот од
свеќичката, темелно проверете ја косилката да не е
оштетена и поправете ја штетата пред повторно да ја
запалите и да работите со косилката. Прекумерни
вибрации на косилката за време на работата се
показател на оштетување. Уредот треба веднаш да се
испита и да се поправи.
7-7 СОБИРАЧ НА ТРЕВА
Има прозорец на задниот капак. Низ него може да се
види состојбата на собирачот на трева. Ако собирачот
е полн со трева, ќе ја испразните и исчистите вреќата,
внимавајќи да е чиста и низ мрежата да минува
воздух. (Сл. 10)
7-8 ГЛАВА
Долната страна на главата за косење треба да се
исчисти по секоја употреба за да не се насоберат
парчиња трева, лисја, земја или други отпадоци. Ако
отпадоците се остават да се собираат, може да дојде
до 'рѓосување и корозија и да не може правилно да се
малчира. Главата може да се чисти со навалување на
косилката и гребење со соодветна алатка (внимавајте
кабелот на свеќичката да е откачен).
7-9 УПАТСТВА ЗА МЕСТЕЊЕ НА
ВИСИНАТА
ВНИМАНИЕ: Никогаш не вршете
прилагодувања на косилката ако претходно не сте го
сопреле моторот и не сте го откачиле кабелот на
свеќичката.
ВНИМАНИЕ: Пред да ја менувате висината за
косење, сопрете ја косилката и откачете го кабелот за
свеќичката.
Косилката е опремена со рачка за централно
прилагодување на висината што има 7 положби.
1. Сопрете ја косилката и откачете го кабелот за
свеќичката пред да ја менувате висината за
косење на косилката.
2. Рачката за централно прилагодување на висината
има 7 положби за висината.
236
3. За да ја смените висината на косењето,
притиснете ја рачката за местење кон тркалото,
движејќи ја нагоре или надолу до избраната
висина. (Сл. 11)
Сите тркала ќе бидат на иста висина на косење.
8. УПАТСТВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
СВЕЌИЧКА
Користете само оригинална свеќичка за замена. За
најдобри резултати, заменувајте ја свеќичката на
секои 100 часа употреба.
ГУРТНИ НА КОЧНИЦАТА
Редовно проверувајте ги и/или менувајте ги гуртните
на кочницата на моторот кај сервисен агент, а за
замена, смее да се употребуваат само оригинални
резервни делови.
9. УПАТСТВА ЗА
ПОДМАЧКУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ: ОТКАЧЕТЕ ГО КАБЕЛОТ ЗА
СВЕЌИЧКАТА ПРЕД СЕРВИСИРАЊЕ.
1. ТРКАЛА - Подмачкувајте ги лежиштата на секое
тркало барем еднаш во сезона со лесно масло.
2. МОТОР - Постапувајте според упатствата за
подмачкување од прирачникот за моторот.
10. ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ: Не чистете го моторот со црево.
Водата може да го оштети моторот или да го загади
горивниот систем.
1. Бришете ја главата со сува крпа.
2. Чистете со црево под главата навалувајќи ја
косилката така што свеќичката ќе биде горе.
10-1 ПРЕЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХОТ НА
МОТОРОТ
ВНИМАНИЕ: Не дозволувајте земја или
прашина да го затнат сунѓерестиот елемент на
филтерот за воздух. Елементот на пречистувачот за
воздух на моторот треба да се сервисира (чисти) по
25 часа нормално косење. Сунѓерестиот елемент
мора да се сервисира редовно ако косилката се
користи во суви правливи услови.
ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ
1. Подигнете ги прицврстувачите на горната страна
од капакот на филтерот.
2. Извадете го капакот на филтерот.
3. Измијте го елементот на филтерот во сапуница.
НЕ КОРИСТЕТЕ БЕНЗИН!
4. Исушете го елементот на филтерот на воздух.
5. Ставете неколку капки масло SAE30 на
сунѓерестиот филтер и притиснете благо за да се
отстрани вишоко масло.

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Plm4627nPlm4628n

Table des Matières