Makita PLM4626N Manuel D'instructions page 231

Tondeuse thermique
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
Внимание: Жежок мотор.
Безбедносна етикета на косилката: ПОДАЛЕКУ
РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Чувајте ги ознаките за
безбедност на опремата чисти и видливи. Заменете ги
ознаките за безбедност ако истите ги нема или се
нечитливи.
2. ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРАВИЛА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога се користат
бензински алати, за да се избегнат потешки повреди
и/или оштетување на уредот, секогаш треба да се
почитуваат основните безбедносни мерки,
вклучително и следниве. Прочитајте ги сите упатства
пред да ракувате со производот и чувајте го
упатството за во иднина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Машината произведува
електромагнетно поле за време на работата. Тоа поле
понекогаш може да им предизвика пречки на активни
или пасивни медицински импланти. За да се намали
ризикот од тешки или смртоносни повреди,
препорачуваме лицата со медицински импланти да се
посоветуваат со својот лекар и производителот на
медицинскиот имплат пред да ракуваат со машината.
Обука
• Прочитајте ги упатствата внимателно. Запознајте се
со контролите и правилната употреба на опремата.
Научете како брзо да го запрете моторот.
• Користете ја косилката само за намената за која е
дизајнирана, односно за косење и собирање трева.
Секоја друга употреба може да биде опасна и да
предизвика оштетување на машината. Примери за
неправилна употреба вклучуваат, но без
ограничување:
- транспортирање луѓе, деца или животни на
машината;
- кога вие се транспортирате на машината;
- користење на машината за влечење или туркање
товари;
- користење на машината за собирање лисја или
отпад;
- користење на машината за потстрижување живи
огради или за косење друг вегетација освен
трева;
- употреба на машината од страна на повеќе од
едно лица;
- користење на сечилото на други површини освен
тревни.
• Не дозволувајте деца или луѓе што не се
запознаени со упатствата да ја користат косилката.
Локалните прописи може да ја ограничуваат
возраста на операторот.
• Никогаш не користете ја косилката:
- кога има луѓе, особено деца или домашни
животни, во близина;
- ако операторот примил лекарства или
супстанции што може да влијаат врз неговата
способност да реагира и да се концентрира.
• Имајте на ум дека операторот или корисникот е
одговорен за несреќите или опасностите што им се
случуваат на другите луѓе или имотот.
• Операторите мора да добијат соодветна обука за
употреба, приспособување и работење со
машината, вклучувајќи и кои дејствија се забранети.
Подготовка
• Додека косите, секогаш носете тешки обувки и
долги панталони. Не ракувајте со опремата боси
или со отворени сандали;
• Темелно проверете ја областа каде што ќе се
употребува косилката и отстранете ги сите
предмети како што се камења, играчки, стапчиња и
жици кои машината може да ги отфрли.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Бензинот е многу запалив.
- Чувајте го горивото во садови специјално
конструирани за таа намена;
- Полнете гориво само надвор и не пушете притоа;
- Додајте гориво пред да го запалите моторот. Не
вадете го капачето на резервоарот и не
дополнувајте бензин додека моторот работи или
додека моторот е жежок;
- Ако се истури бензин, не обидувајте се да го
запалите моторот, туку тргнете ја машината
подалеку од подрачјето на истурањето и обидете
се да не создадете извор на палење додека не
се развеат бензинските пареи;
- Затворете ги капачињата на резервоарот и на
садот цврсто;
• Заменете ги неисправните придушувачи;
• Пред употребата, секогаш визуелно проверете
дали сечилата, завртките на сечилата и комплетот
за сечење не се изабени или оштетени. Заменете
ги изабените или изабени сечила и завртките во
комплетите за да ја зачувате рамнотежата.
• Редовно проверувајте, за да бидете сигурни, дапи
сите погонски сигурносни склопки и автоматските
контроли при попреченост на операторот правилно
функционираат.
Работење
• Не работете со моторот во затворен простор, каде
што може да се наталожат опасни јаглерод
моноксидни пареи.
• Не работете со машината кога сте уморни или кога
сте под влијание на алкохол или други лекови.
• Предупредување! Не употребувајте ја косилката
кога постои ризик од појава на молњи.
231

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Plm4627nPlm4628n

Table des Matières