Монтажа На Каблите На Командата За Палењеи За Четката; Поставување На Рачката; Команди За Контрола; Насочување На Четката - ST SWR 2604 Manuel D'utilisation

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 157
4.2 МОНТАЖА НА КАБЛИТЕ НА
КОМАНДАТА ЗА ПАЛЕЊЕ
И ЗА ЧЕТКАТА
Закачете ја оската за кабелот во 
соодветниот отвор (сл. 5  ) .
ЗАБЕЛЕШКА Каблите се веќе
поставени на контролната табла.
4.3 ПОСТАВУВАЊЕ НА РАЧКАТА
Рачката се доставува веќе составена 
на контролната табла. Шрафовите за 
монтирање на рачката на машината, 
шрафовите за фиксирање на командите 
за менувачот и завртките за фиксирање 
на командата за насочување на четката 
се ставени со засебна вреќичка ставена 
во пакувањето за машината.
Составете како што следи:
1. Доближете ги двете цевки на краевите на 
рачката (сл. 6.A) кон потпората (сл. 6.B).
Вметнете ги дистанцерите (сл. 6.С) 
и порамнете ги отворите одржувајќи 
правилен дијаметар (внатрешното 
наспроти надворешното растојание, 
поголемото наспроти внатрешното).
2. Вметнете ги шрафовите и навртките 
во отворите и затегнете ги.
4.3.1 Поставување на
ракофатите на рачките
1. Зашрафете ги ракофатите на оската 
на рачката за менувачот (сл. 9.A) и 
на оската на рачката за насочување 
на дефлекторот (сл. 9.B).
2. Затегнете со навртката за фиксирање.
4.4 МОНТИРАЊЕ НА КОМАНДАТА
ЗА МЕНУВАЧОТ
1. Извадете ги од спојката (сл. 7.A) на 
командата за менувачот мутерот 
(сл. 7.B)  и клинот (сл. 7.C) 
коишто се веќе поставени.
2. Вметнете ја спојката (сл. 7.A) за командата 
на менувачот во отворот на рачката 
(сл. 7.B) за да ја поврзете со преносот.
3. Фиксирајте ги мутерот (сл. 
7.B) и клинот (сл. 7.C).
4.5
МОНТИРАЊЕ НА КОМАНДАТА
ЗА НАСОЧУВАЊЕ НА ЧЕТКАТА
1. Извадете ја од спојката 
(сл. 8.A) на командата за 
насочување на четката навртката 
(сл. 8.B) којашто е веќе поставена.
2. Вметнете ја спојката (сл. 8.A) во 
командата за насочување на четката 
во отворот на рачката (сл. 8.B).
3. Фиксирајте ја навртката (сл. 8.B).
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1 КОПЧЕ ЗА ПАЛЕЊЕ
Овозможува застанување и палење 
на моторот. Копчето за палење 
има две позиции (сл. 10.A):
1. Копче во позиција - OFF 
(исклучено) - моторот застанува 
и не може да се запали. 
2. Копче во позиција - ON (вклучено) - 
моторот може да се запали и да работи.
5.2 КОМАНДА ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ
Го регулира бројот на вртежи на моторот.
Позициите, посочени на табличката, 
соодветствуваат на (сл. 10.В):
1. Целосен режим Се користи
секогаш за палење на
моторот на машината и
во текот на работата.
2. Минимум - се користи кога 
моторот е загреан во текот 
на фазите на запирање.
5.3 КОМАНДА ЗА ПРИДУШУВАЊЕ
Се користи кога се пали ладен 
мотор. Командата за придушувачот 
има две позиции (сл. 10.С):
Налево - придушувачот е активиран 
(за тргнување на ладно).
Надесно - придушувачот е 
исклучен (нормална работа и 
тргнување со загреан мотор).
МК - 6

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Swr 2604 sSwr 2804Swr 2804 s

Table des Matières