Ferm BGM1003 Traduction De La Notice Originale page 82

Table des Matières

Publicité

MK
Веднаш исклучете ја машината ако:
• Прекумерна искра на јаглените четкички и
горење на прстенот во колекторот.
• Има прекин на главна приклучница, главен
кабел или оштетен на главен кабел.
• Дефектен прекинувач
• Има чад или смрдеа од изгорена изолација
3. Пред пуштање во работа
Поставување
Избегнувајте користење на долги продолжни
кабли. Не заборавете да оставите доволно
слободен простор околу машината за брасуње
на работното парче.
Монтажа
• Ставете ја рамката на машината во
нејзината глава и притиснете ги четирите
гумени граничници во подножјето од
рамката.
• Рамката на машината, алуминиумскиот
диск (10) и работната маса (12) се
испорачани во одделно пакување.
• Притиснете го алуминиумскиот диск на
вратилото и стегнете го дискот со помош на
имбус завртки од страна на дискот (сл. 2­4).
• Поставете ја работната маса (12) со
вратилото во рамката на машината и
обезбедете ја со завртки, од надворешната
страна од рамката.
• Проверете го отклонот од 90° на работната
маса и на брусниот дискот, дали е точно 90°
(сл. 5).
• Ако е потребно, дотерајте го овој агол,со
индикатор за калибрација.
• Скалата за косо сечење (13), која исто така
се испорачува посебно, може да се постави
врз работната маса (12).
• Со користење на оваа скала, може
прецизно да се одреди аголот на брусење.
• Потпирачот (8) за трачна брусилка може да
се постави зад горните завртка на браникот
на V­ременот. На овој начин, работното
парче може цврсто да стои во однос на
лентата, без големи опасности.
З а да се спречи приклештување на
работното парче или вашите прсти
помеѓу работната маса (12) и
брусниот диск (11), просторот помеѓу
работната маса (12) и дискот (11) не
смее да е поголем од 1,6 mm.
82
Избор на брусна хартија
Со крупна брусна хартија (P 60), генерално,
може да се отстрани поголем дел од
материјалот, потоа со фина брусна хартија
(Р 150) да се изведе завршно брусење.
Нерамните површини прво се третираат со
крупна брусна хартија и се брусат додека не
се порамнат. Средната брусна хартија (Р 100)
се користи за отстранување на гребнатини
предизвикани од страна на претходниот тип на
брусна хартија. Фината брусна хартија (Р 150)
се користи за завршна обработка. Брусењето
се изведува додека површината не стане
мазна.
Поставување на брусна хартија
Сл. 6 - 9
Кога машината за брусење е поставена така
дискот да се врти кон вас, брусната лента
се движи од десно кон лево, по должина
на горниот дел од машината. Поради оваа
насока на вртење, работното парче ќе биде
притиснато врз десната страна на потпирачот.
На внатрешната стрелка се покажува
вистинската насока на движење на брусната
лента (види цртеж). Ако не е индицирана
насоката, брусната лента треба да се постави
така подигнатиот дел од работ да се наоѓа во
насоката на движењето на лентата. Затоа е
многу важно брусната лента да е поставена
во правилна насока. Машината користи
стандардни 100 x 915 mm брусни ленти (бр 7):
• Извлечете го кабелот од струја.
• Притиснете ја рачката за стегање на десно,
до крај, за да се затегнат транспортните
валци (сл.1:14): 14).
• Притиснете ја брусната лента по должина
на двата транспортни валци, почнувајќи од
задната страна од машината.
• Притиснете ја рачката за стегање на лево,
до крај. Брусната лента е затегната.
• Вртете го транспортниот валјак точно под
прав агол во насока на брусната лента, со
помош на крилестата навртка на десниот
валјак. Насока на движењето на лентата е
точно дотерана ако страните на лентата се
движат паралелно со плочата.
Брусен диск
Хартија или „velcro " плочи се користат за
брусен диск. Стандарден пречник е 150 mm.
Плочите се самолепливи.

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières