Совети При Работењето; Одржување И Сервис; Одржување И Чистење; Сервисна Служба И Совети При Користење - Bosch Professional GBS 75 AE Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour Professional GBS 75 AE:
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-459-005.book Page 110 Monday, December 2, 2013 8:07 AM
110 | Македонски
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
5 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 5 притиснете го копчето за
фиксирање 6.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5 одн. доколку
тој е блокиран со копчето за фиксирање 6, кратко
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
5 и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Претходно избирање на брзината на движење на
лентата
Со копчето за подесување на брзината на движење на
лентата 4 може да ја изберете потребната брзина на
движење на лентата и додека го користите апаратот.
Неопходната брзина на движење на лентата зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди при
практична примена.
Совети при работењето
Капацитетот на отстранување при брусење на површини,
во главно, се одредува со изборот на брусна лента како и
претходно избраната брзина на движење на лентата .
Колку е повисока брзината на лентата, толку е поголем
капацитетот на отстранување и е помазна површината што
се бруси.
Само беспрекорните брусни ленти може да придонесат за
добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот апарат.
Работете со што е можно помал притисок на површината,
за да го продолжите рокот на употреба на брусните ленти.
Тежината на електричниот апарат е соодветна за добро
отстранување при брусењето. Прекумерното
зголемување на притисокот врз површината не води кон
зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо
изабување на електричниот апарат и брусната лента.
Вклучете го електричниот апарат и поставете го на
површината која треба да се обработува. Работете со
умерени движења, вршете го брусниот процес паралелно
и со преклопување кон брусните шини. Брусете во правец
на влакната, доколку брусите попречно може да
предизвикате груба абразија.
Особено при брусење на остатоци од лак, може да се
случи тие да се стопат и да дојде до замачување на
површината што се обработува и на брусната лента. Затоа
работете со вшмукувач за прав.
Брусната лента со која сте обработувале метал, не ја
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
Брусните ленти чувајте ги закачени и не ги виткајте,
бидејќи ќе станат неупотребливи.
2 609 932 906 | (2.12.13)
Со брусните рамки (опрема) може да обезбедите
рамномерен капацитет на отстранување при рамно
брусење на големи дрвени површини.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Отстранете ја насобраната прав од брусењето со една
четка.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење на преминот за прав (види слика B)
Одвреме-навреме извадете го заштитното капаче 11 и
исчистете го преминот за прав 12, за да овозможите
оптимално вшмукување на прав.
Менување на графитната плоча (опрема)
(види слика C)
Графитната плоча 13 (опрема) се зашрафува на
лизгачкиот лим 14 и овозможува оптимална слика на
брусењето.
Графитната плоча 13 се троши во зависност од
интензитетот на користење. За менување на графитната
плоча 13 извадете ја брусната лента 2. Отшрафете ја
графитната плоча 13 и заменете ја. По поставувањето на
брусната лента, подесете го движењето на лентата, како
што е опишано во делот„Менување на брусната лента" на
страна 109.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Pbs 75 aPbs 75 aeWeu pbs 75 aWeu pbs 75 ae

Table des Matières