Bosch GRL 400 H Professional Notice Originale page 172

Masquer les pouces Voir aussi pour GRL 400 H Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
172 | Македонски
уред, пред да го употребите за работа, секогаш
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред", Страница 174).
Одржувајте го работниот простор без пречки кои
u
може да го рефлектираат или попречат ласерскиот
зрак. На пр., покријте ги рефлектирачките или
сјајните површини. Не мерете преку стаклени
панели или слични материјали. Може да се добијат
погрешни резултати од мерењето преку
рефлектирачки или попречен ласерски зрак.
Ставање во употреба на ротациониот ласер
Поставување на мерниот уред
Поставете го мерниот уред на стабилна
површина во хоризонтална положба или
монтирајте го на статив (25).
Поради големата точност на нивелирање, мерниот уред
реагира многу осетливо на потреси и промени на
положбата. Осигурајте стабилна позиција на мерниот
уред, за да се избегнат прекини на работата поради
дополнително нивелирање.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето
за вклучување/исклучување (4). Сите прикази кратко
светнуваат. Мерниот уред пушта варијабилен ласерски
зрак (2) од излезниот отвор (1).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Мерниот уред започнува веднаш со автоматско
нивелирање. За време на нивелирањето, приказот за
статус трепка (5) зелено, ласерот не ротира и трепка.
Мерниот уред е изнивелиран, штом приказот за
статус (5) свети непрекинато зелено и ласерот свети
непрекинато. По завршување на нивелирањето мерниот
уред автоматски стартува во ротационен погон.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
Мерниот уред работи исклучиво во ротационен режим и
со фиксна ротациона брзина, којашто исто така е
прилагодена за примена со ласерскиот приемник.
При поставена фабричка поставка, функцијата за
предупредување за удар автоматски се вклучува,
приказот за функцијата за предупредување за удар (3)
свети зелено.
За исклучување на мерниот уред притиснете кратко на
копчето за вклучување/исклучување (4). При
активирано предупредување за удар (приказот на
функцијата за предупредување за удар (3) трепка
црвено) притиснете еднаш кратко на копчето за
вклучување-исклучување за одново стартување на
функцијата за предупредување за удар, а со повторното
кратко притискање го исклучувате мерниот уред.
1 609 92A 73P | (13.01.2022)
За заштита на батериите, мерниот уред автоматски се
исклучува ако е надвор од опсегот на самонивелирање
подолго од 2 h или ако предупредувањето за удар се
активира подолго од 2 h. Позиционирајте го мерниот
уред одново и повторно вклучете го.
Ставање во употреба на ласерскиот приемник
Поставување ласерски приемник (види слика A)
Поставете го ласерскиот приемник на оддалеченост
најмалку 0,5 m од ротирачкиот ласер. Кај ротирачките
ласери со повеќе режими на работа изберете
хоризонтален или вертикален режим со највисоката
ротирачка брзина.
Поставете го ласерскиот приемник, на тој начин што
ласерскиот зрак ќе достигне до полето за прием (18).
Порамнете го на тој начин, така што ласерскиот зрак паѓа
напречно на приемното поле (како што е прикажано на
сликата).
Вклучување/исклучување
При вклучување на ласерскиот приемник се слуша
u
гласен сигнален тон. Затоа држете го ласерскиот
приемник подалеку од ушите одн. други лица при
вклучувањето. Гласниот тон може да го оштети
слухот.
За вклучување на ласерскиот приемник, притиснете го
копчето за вклучување-исклучување (13). Кратко
светнуваат сите прикази на екранот и се огласуваат двата
сигнални тона.
По вклучувањето на ласерскиот приемник, точноста на
прием секогаш е поставена на „средно" и сигналниот тон
е исклучен.
За исклучување на ласерскиот приемник, одново
притиснете на копчето за вклучување-исклучување (13).
Доколку за околу 10 min не се притисне на ниедно копче
на ласерскиот приемник и до приемното
поле (18) 10 min не достигне ласерски зрак, тогаш
ласерскиот приемник автоматски се исклучува заради
заштита на батеријата. Исклучувањето се означува со
сигнален тон.
Изберете ја поставката на приказот за средишна
линија
Со копчето Поставување на точноста на прием (14) може
да утврдите со која точност ќе се прикаже позицијата на
ласерскиот зрак на приемното поле како „средно":
– Точност при мерење „фино" (приказ (f) на екранот),
– Точност при мерење „средно" (приказ (a) на екранот).
При секоја промена на поставката за точност се слуша
сигнален тон.
Прикази за правец
Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во
приемното поле (18):
– на екранот (19) на предната и задната страна на
ласерскиот приемник со приказот на правец
„Ласерски зрак под средишната линија" (c), приказот
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Grl lr 1 professionalGrl 400 lr 1 professional

Table des Matières