Упатство За Употреба - Milwaukee M18 HCCT Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour M18 HCCT:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајт ги сит б зб дносни
напом ни, упатства, црт жи и податоци, коишто ги
добиват за дно со ур дот. Заборавање на почитувањето
на безбедносните упатства и инструкции можат да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајт ги сит б зб дносни упатства и инструкции за
во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Пред да работи првпат со него и најмалку еднаш годишно,
операторот на овој уред мора да биде обучен за специфичните
опасности коишто се поврзани со користењето на овој алат и за
неопходните безбедносни мерки.
Компанијата што е ангажирана мора:
• Прирачникот за работа да му го стави на располагање на
операторот и
• да се увери дека операторот го прочитал и го разбрал.
Употребувајте заштитна опрема. Секогаш при користење
на уредот носете заштитниочила. Се препорачува заштитна
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни
ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита
Mak
за уши.
Никогаш не држете ги прстите или други делови од телото во
во работното подрачје на цилиндарот или на челуста.
Пред да почнете со било какво подесување, чистење и
сервисирање на уредот, извадете ја батеријата.
Користете само уред, батерии и полначи кои се во технчки
беспрекорна состојба.
Во случај на оштету-вања истите веднаш да бидат дадени на
авторизирана стручна работнил-ница на поправка.
За да избегнете повреди и оштетувања, спречете го случајното
стартување на уредот.
Пред да почнете со ракувањето, отстранете ги сите алатки за
подесување и клучеви.
Не смеат да се обработуваат никакви делови кои се под
електричен напон. Уредот НЕ е изолиран.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да го намалите ризикот од пожар,
повреда и оштетување на производот поради краток спој,
уредот, батеријата или полначот немојте никогаш да ги
потопувате во течност и не дозволувајте во нив да продре
течност. Корозивни или електроспроводливи течности,
како што се морска вода, одредени индустриски хемикалии
и избелувачки средства или производи што содржат
избелувачки средства и сл., можат да предизвикаат краток
спој.
Обавезно е потребно придр-жување кон одржу-вањето и
интервали-те на одр-жување.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
За да избегнете повреда и оштетување, алатот, преносливата
батерија или полначот никогаш не потопувајте ги во течност
или, пак, не дозволувајте во нив да навлезе вода.
Македонски
Deutsch
144
144
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Овој уред содржи една копчеста литиумска батерија.
Доколку се голтне, или доколку влезе во телото, нова
или стара батерија може да предизвика тешки внатрешни
изгореници и да доведе до смрт за помалку од два часа.
Секогаш обезбедувајте го поклопецот на батеријата. Доколку
не се затвора добро, запрете го уредот, извадете ја батеријата и
држете ја понастрана од деца. Ако мислите дека батеријата
била голтната или дека влегла во телото, веднаш побарајте
лекарска помош.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА АЛАТОТ ЗА
ПРЕС УВАЊЕ
Алатот за пресување и додатоците за пресување смеат да ги
користи само стручњаци со електротехничка обука.
Пред секоја употреба, проверете го алатот за пресување,
пневматската челуст и вметоците да не имаат пукнатини и
други форми на изабеност.
Алатот за пресување и вметоците за пресување треба да се
користат само во технички беспрекорна состојба.
Алатот за пресување смее да се користи само со наместени
вметоци за пресување.
Користете само вметоци за пресување до 60 kN со вкупна
ширина од 22 мм.
Не допирајте ја челуста за пресување за време процесот на
пресување.
Во случај на дефекти за време пресувањето веднаш исклучете
ја склопката за вклучување и притиснете го копчето за
откочување на хидрауликата. Вентилот се отвора и клипот се
враќа во појдовната позиција.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА СЕКАЧОТ ЗА КАБЕЛ
Сечење, односно одвојување на кабли и сајли со помош на овој
секач на кабли смее да врши само лице со електротехничка
квалификација.
За да се намали ризикот од експлозии, струен удар и
оштетување на имотот и опремата, немојте никогаш да сечете
електрични кабли под напон. Уредот НЕ е изолиран.
Рацете и лабавата облека држете ги понастрана од алатот за
сечење и другите подвижни делови. Постои ризик од сериозна
повреда, вклучувајќи оштетување на екстремитетите.
Никогаш немојте секачот за кабел да го држите за челуста за
сечење.
Пред употреба, секогаш проверувајте ја челуста за сечење да
не има пукнатини и други знаци на изабеност.
Секачот за кабел може да се користи само со вметнат алат за
сечење.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Алат за пр сувањ :
Пресувањето да се врши само на спојни елементи кои не се под
електричен напон.
С кач за каб л:
Пред да почне процесот на сечење, пристапот мора да биде
забранет во склад со локалните прописи.
Сечете само кабли кои се исклучени од електричен напон!
Кабелот и сајлите не смеат да бидат изложени на никакви
механички сили.
За да го намалите ризикот од повреда, носете сигурносни
очила или очила со странични штитници.

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

M18 huct

Table des Matières