Македонски; Безбедносни Напомени - Bosch L-BOXX Bay Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
OBJ_BUCH-2572-004.book Page 75 Friday, September 9, 2016 2:56 PM
Македонски
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите
напомени и упатства за
безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Користете го полначот само откако ќе ги проучите сите
функции и може да ги примените истите без ограничувања
или откако ќе ги добиете потребните упатства.
Безбедносни напомени
Овој полнач не е предвиден за
користење од страна на деца и
лица со намалени психички,
физички или ментални
способности или недоволно
искуство и знаење. Овој полнач
може да го користат деца над 8
години како и лица со намалени
физички, сензорни и ментални
способности или недоволно
искуство и знаење, доколку се
под надзор од лица одговорни за
нивната безбедност или се
подучени за безбедно ракување
со полначот и ги разбираат
опасностите кои може да
произлезат поради тоа. Инаку
постои опасност од погрешна
употреба и повреди.
Надгледувајте ги децата за
време на користењето,
чистењето и одржувањето. Така
ќе се осигурате дека децата нема да
си играат со полначот.
Полнете само Bosch литиум-
јонски акумулатори со капацитет
Bosch Power Tools
од 2,0 Аh (од 3 акумулаторски
ќелии). Напонот на батеријата
мора да одговара на напонот за
полнење на полначот. Не полнете
повторно полнливи батерии.
Инаку постои опасност од пожар и
експлозија.
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во полначот го
зголемува ризикот од електричен удар.
 Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
 Пред секое користење, проверете го полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку приметите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
 Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
 Не поставувајте метални предмети на полначот одн.
помеѓу батеријата и полначот. Металните предмети
може да се загреат и да доведат до повреди.
 Не принесувајте кредитни картички или други
магнетни носачи на податоци во близина на
полначот. Податоците содржани на овие носачи на
податоци може да се избришат.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Правилно позиционирајте го полначот во возилото.
Постои опасност од повреда од деловите кои летаат
наоколу.
 Никогаш не ракувајте со полначот, додека го
користите возилото. Постои опасност од несреќа.
 Положете ги каблите така што нема да постои
опасност од сопнување и нема да се оштети кабелот.
Употреба со соодветна намена
Полначот е наменет за полнење на една или две
индуктивни литиум-јонски батерии на Bosch од 10,8 V-,
12 V- или 18 V додека се возите со возилото L-BOXX 136.
Акумулаторите може да останат во L-BOXX-от за време на
полнењето. Индуктивното полнење се врши без контакт со
магнетна индукција.
1 609 92A 33J | (9.9.16)
Македонски | 75

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières