Gorenje WHI649EB Instructions D'installation page 73

Masquer les pouces Voir aussi pour WHI649EB:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 43
Монтирање
Производот е многу тежок; со аспираторот мора да ракуваат и да го инсталираат најмалку две лица.
Пред почеток со инсталацијата:
• Проверете дали купениот производ е со соодветна големина за одбраната просторија во која ќе се инсталира.
• Извадете го(ги) филтерот(ите) со јаглен (*) доколку е(се) доставен(и) со апаратот (види го и односниот пасус). Филтерот(ите) треба
да се инсталира(ат) само доколку сакате да ја користите верзијата на аспираторот со филтер.
• Проверете (од транспортни причини) да не има друг материјал во внатрешноста на аспираторот доставени заедно со него (на пр.,
пакети со шрафови (*), гаранции (*), итн.), извадете го и сочувајте го.
• Доколку е можно, исклучете го и оддалечете го шпоретот кој е вграден или не е вграден во кујнски елемент од отворот на
елементот, за да се овозможи полесен пристап до задниот ѕид/таванот. Во спротивно, ставете дебела, заштитна прекривка врз
кујнскиот елемент, шпоретот или плочата за готвење, за да ги заштитите од оштетување или од отпадоци. Одберете рамна
површина за поставување на аспираторот. Прекријте ја таа површина со заштитна прекривка и сместете ги сите делови и хардверот
на сводестиот аспиратор во неа.
• Освен тоа, проверете дали во близина на местото на инсталација на аспираторот (во просторот кој е достапен и со монтираниот
аспиратор) постои штекер и дали е можно да се поврзе систем за одведување на испарувањата кон надворешноста (само кај
верзиите со вшмукување).
• Направете ги сите неопходни ѕидарски работи (на пр., инсталација на штекер и/или дупка за издувната цевка).
Обезбедени се продолжни ѕидни прицврстувачи, за прицврстување на аспираторот на повеќето видови ѕидови/тавани. Сепак,
квалификуван техничар мора да ја провери соодветноста на материјалите со видот на ѕидот/таванот. Ѕидот/таванот мора да биде
доволно цврст за да ја издржи тежината на аспираторот. Не лепете го апаратот за ѕидот со лепило за плочки, цемент или
силикон. Исклучиво површинско монтирање.
РАБОТА
Користете ја функцијата на вшмукување со голема брзина во случај на сконцентрирани кујнски испарувања. Се препорачува
вшмукувањето да се вклучи 5 минути пред готвењето и да се остави да работи во текот на готвењето и околу 15 минути по крајот на
готвењето.
Механички команди
Притиснете го копчето за Сијалица (Light) за да ја ВКЛУЧИТЕ сијалицата. Притиснете го копчето повторно за да ја ИСКЛУЧИТЕ
сијалицата.
Притиснете го копчето Брзина 1 (Speed 1) за да го вклучите моторот со брзина 1.
Притиснете го копчето Брзина 2 (Speed 2) за да го вклучите моторот со брзина 2.
Притиснете го копчето Брзина 3 (Speed 3) за да го вклучите моторот со брзина 3.
Притиснете го копчето за Исклучување (Switch Off) за да го исклучите моторот.
Команди на допир
Кога аспираторот е приклучен на струја, тој е во режим „стенд-бај" и светат единствено копчето Вклучи/Исклучи (On/Off) и копчето за
Сијалица (Light). Копчињата за Брзина од 1 до 3 не светат и не може да се притиснат.
Притиснете го копчето Вклучи/Исклучи (On/Off) за да ја изберете брзината на работа на моторот. Кога е притиснато копчето
Вклучи/Исклучи (On/Off), брзините од 1 до 3 се полуосветлени.
Притиснете го копчето Брзина 1 (Speed 1) за да го вклучите моторот со брзина 1.
Притиснете го копчето Брзина 2 (Speed 2) за да го вклучите моторот со брзина 2.
Притиснете го копчето Брзина 3 (Speed 3) за да го вклучите моторот со брзина 3.
Притиснете го копчето за Сијалица (Light) за да ја ВКЛУЧИТЕ сијалицата. Притиснете го копчето повторно за да ја ИСКЛУЧИТЕ
сијалицата.
73

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières