Milwaukee HD18 SG Notice Originale page 60

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
b) За конични и прави затици за стругање со навои
употребувајте само неоштетени трнови од
исправната големина и должина, без задно сечење
кај рамото. Соодветниот трн ја намалува можноста од
кршење.
c) д) Не ја позиционирајте раката во правец на
ротацијата односно позади ротирачката разделна
плоча. Ако разделната плоча во парчето кое што се
обработува ја придвижите од Вашата рака натака, во
случај на повратен удар електро-орудието може со
плочата која што се врти директно да биде
катапултирано врз Вас.
d) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен
удар како резултат на заглавен диск за делење.
Големи материјали за обработка може да свијат како
последица на својата тежина. Материјалот за обработка
мора да биде потпран на двете страни и тоа како во
близина на засекот за делење така и на работ.
e) Бидете особено внимателни при „сечење џебови"
кај ѕидови или во други непрегледни области. Дискот
што навлегува може да предизвика повратен удар при
сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во
електрични водови или други објекти.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината.
Исто така препорачливо е да се носат очила, цврсти
чевли кои не се лизгаат и престилка.
По исклучувањето машибата нема веднаш да се смири.
(Задоцнета работа на работното вретено). Дозволете и
на машината комплетно да сопре пред да ја спуштите.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Користете само алати чија даозволена брзина е
најмалку колку највисоката брзина на машината без
оптоварување.
Проверете ги глодачките алати пред употреба.
Глодачката алатка мора да биде соодветно монтирана и
слободно вртлива. Направете тест во траење од
минимум 30 секунди без оптоварување. Не користете
оштетени, изместени или глодачки алати кои вибрираат.
При глодање на метал, се создаваат летечки искри.
Погрижете се луѓето да не бидат загрозени. Поради
ризик од пожар, запалливи матери не смеат да бидат
лоцирани во близина (зона на искрење). Не користете
издув за прав.
Треба да се поведе соодветна грижа за искрите или
честичките од камена прашина кои летаат од
обработуваното парче да не дојдат во контакт со вас.
Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да
се почне со работа со машината.
Во случај на ефект од екстремни електромагнетни
пречки од надвор, може да дојде до привремено
варирање на брзината на ротација во одредени
случаеви може да се зголеми.
Секогаш користете ги и чувајте ги глодачките дискови
согласно препораките на производителот.
Работни предмети кои што се обработуваат мора да
бидат цврсто стегнати доколку не се држи со самата
своја тежина. Работните предмети никогаш да не се
водат рачно према плочата.
Димензијата на глодачкиот алат мора да биде соодветен
на глодалката.
При прашливи зафати, вентилациските отвори на
машината мора да бидат сочувани отворени, исклучете
го напојувањето на машината и исчистете ја правта. За
ова користете неметални предмети, при тоа внимавајќи
да не се оштетат внатрешните делови.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
118
МАКЕДОНСКИ
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем 18 V за полнење на
батерии од 18 V систем. Не користете батерии од друг
систем.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за
полнење на батерија (ризик од краток спој).
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Осигурете се дека алатот за глодање е инсталиран
соодветно препораките на производителот.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Вистинските глодачи се погодни за глодање дрво, метал,
пластика или слични материјали, особено на тешко
достапни места и агли.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
Во секој случај почитувајте ги упатствата
напроизводителите на приборот.
Eлектричното орудие е прикладно само за сува
обработка.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
„Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHs), 2004/108/EC (до 19 април 2016), 2014/30/EU (аб
20 април 2016), 2006/42/EC и следните хармонизирачки
нормативни документи:
EN 60745-1:2009+A11:2010
EN 60745-2-3:2011
EN 55014-1:2006+A1:2009+A2:2011
EN 55014-2:1997+A1:2001+A2:2008
EN 50581:2012
Winnenden, 2016-02-02
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат
до отворите за вентилација-ризик од куршлус!
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на
артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на
етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник
или директно кај: Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Секогаш при користење на машината
носете ракавици.
Носете ракавици!
Не употребувајте сила.
Електричните апарати не смеат да се
фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати
треба да се собираат одделно и да се
однесат во соодветниот погон заради
нивно фрлање во склад со начелата за
заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
Regulatory Compliance Mark (RCM).
Производот ги исполнува важечките
прописи.
Национален конформитетски знак за
Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на
конформитет.
МАКЕДОНСКИ
119

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Hd18 sg-0Hd18 sg-401c

Table des Matières