Употреба Со Соодветна Намена - Bosch PSB Easy+ Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour PSB Easy+:
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-2501-003.book Page 103 Wednesday, May 18, 2016 12:55 PM
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, доколку:
– се преоптовари електричниот алат или
– е накривен во однос на парчето што се обработува.
 Цврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во цигли,
бетон и камен, како и за дупчење во дрво, метал, керамика
и пластика. Уредите со електронска регулација и тек
лево/десно се исто така погодни за завртување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Граничник за длабочина*
2 Предна чаура
3 Задна чаура
4 Брзозатегачка глава
5 Копче за подесување на граничникот за длабочина *
6 Прекинувач „Дупчење/ударно дупчење"
Bosch Power Tools
7 Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
8 Прекинувач за менување на правецот на вртење
9 Прекинувач за вклучување/исклучување
10 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката) *
11 Пеперутка-завртка за подесување на дополнителната
дршка *
12 Рачка (изолирана површина на дршката)
13 Универзален држач за битови*
14 Бит за одвртувач/зашрафувач*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Вибрациони дупчалки
Број на дел/артикл
Номинална јачина
Излезна моќ
Број на празни вртежи
Номинален број на вртежи
Број на удари
Номинален вртежен момент
Вртежен момент при макс.
излезна сила
Тек десно/лево
Дијаметар на грлото на
вретеното
макс. дупка Ø
– Бетон
– Челик
– Дрво
Затегање на главата
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014
Класа на заштита
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-1.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 97 dB(A); ниво на звучна јачина
108 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745-2-1:
2
Дупчење во метал: a
=4,0 m/s
, K=1,5 m/s
h
Ударно дупчење во бетон: a
=33 m/s
h
2
Зашрафување: a
<2,5 m/s
, K=1,5 m/s
h
Македонски | 103
+
PSB Easy
3 603 A27 0..
W
570
W
260
-1
min
50 – 3000
-1
min
2400
-1
min
33000
Nm
1,1
Nm
7,5
мм
43
мм
10
мм
8
мм
25
мм
2 – 13
кг
1,6
/II
(векторски збор на
h
2
2
2
, K=3,5 m/s
2
1 609 92A 224 | (18.5.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières