Bosch PST Universal Notice Originale page 146

Masquer les pouces Voir aussi pour PST Universal:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
OBJ_BUCH-2499-003.book Page 146 Wednesday, January 20, 2016 9:27 AM
146 | Македонски
Избор на лист за пилата
Прегледот со препорачаните листови за пила ќе најдете на
крајот на ова упатство. Поставувајте само листови за пила
со сечило со еден заоблен дел (T-сечило) или со 1/4"-
универзално сечило (U-сечило). Листот за пилата не треба
да биде подолг отколку што е потребно за предвидениот
рез.
За сечење на тесни криви линии користете тесен лист
пила.
Вметнување на листот за пилата (види слика A1)
 Исчистете го сечилото на листот за пила пред
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Евентуално извадете ја заштитната хауба 9 (види
„Заштитна хауба").
Прифатот за листот за пилата 13 вметнете гo нагоре во
правец на стрелката.Вметнете го листот за пилата 15, со
запците во правец на сечењето, до крај во прифатот за
листот за пила.
При вметнувањето на листот за пила внимавајте на тоа,
задниот дел на листот за пила да лежи во жлебот на
водечкиот валјак 14 .
 Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво
поставениот лист за пила може да испадне и да ве
повреди.
Вадење на листот за пилата (види слика A2)
Прифатот за листот за пилата 13 вметнете го нагоре во
правец на стрелката и извадете го листот за пила 15.
Доколку листот за пила се заглави при вадењето, лостот за
подесување 7 поставете го на максимална осцилација и
притиснете го прифатот за листот за пила 13 лесно
нанапред (макс. 2 мм).
Депо за листовите за пилата (види слика B)
+
(PST Universal
)
Во депото за листовите за пила 5 може да чувате до шест
листови за пила со должина до 110 мм. Листовите за пила
со сечило со еден заоблен дел (T-сечило) вметнете ги во
вдлабнатината што е предвидена за него во депото за
листовите за пила. Еден врз друг може да лежат до три
листови за пила.
Затворете го депото за листовите за пила и вметнете го до
крај во вдлабнатината на основната плоча 6.
Заштита од кинење (види слика C)
Заштитата од кинење 16 (опрема) може да спречи кинење
на горната површина при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се искористи само за одредени типови на
листови за пила и само при агол на сечење од 0°.
Основната плоча 6 при сечењето со заштита од кинење не
смее да се помести наназад во близина на краевите.
Притиснете ја заштитата од кинење 16 од долу кон
основната плоча 6.
1 609 92A 1PS | (20.1.16)
Контрола на линиите на резот „Cut Control"
+
(PST Universal
)
Контролата на линиите на резот „Cut Control" овозможува
прецизно водење на електричниот апарат по линијата за
сечење што е исцртана на делот што се обработува. Во
сетот „Cut Control" спаѓаат транспарентниот прозорец 11
со ознаки за резовите и подлогата 10 за зацврстување на
електричниот апарат.
Зацврстете ја „Cut Control" на основната плоча
(види слика D)
Зацврстете го транспарентниот прозорец за „Cut Control"
11 во држачите на подлогата 10 . Потоа лесно притиснете
ја подлогата за да се вклопи во прифатот за приборот 17
на основната плоча.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во комби-
нација со дополнителни супстанци (хромат, средства за
заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може
да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Заштитна хауба (види ги сликите E – F) (PST Universal
Монтирајте ја заштитната хауба 9, пред да го приклучите
електричниот апарат на вшмукувач за прав.
Поставете ја заштитната хауба 9 на електричниот апарат,
на тој начин што средниот држач ќе се вклопи на заштитата
од случаен контакт 18 и двата надворешни држачи ќе се
вклопат во вдлабнатините на куќиштето.
Извадете ја заштитната хауба 9 доколку работите без
вшмукувач за прав како и при правење на закосени
резови. Притоа притиснете ја хаубата на висина на
надворешните држачи и извлечете нанапред.
Приклучување на вшмукувачот за прав
Цревото за вшмукување 3 (опрема) прикачете го на
млазниците за вшмукување 4. Поврзете го цревото за
вшмукување 3 со вшмукувач за прав (опрема). Прегледот
за приклучување на различни видови вшмукувачи за прав
ќе го најдете на крајот од ова упатство.
+
)
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Pst universal+

Table des Matières