124 | Македонски
или на температура повисока од 130°C може да
предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење и не го
u
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
u
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за батериски пиштоли
за силикон
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
При оштетување и непрописна употреба на
u
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
По автоматското исклучување на пиштолот за
u
силикон, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
При работа со батерискиот пиштол за силикон
u
носете лична заштитна опрема, којашто е
препорачана од производителот на потрошниот
материјал. Напомени за ова ќе најдете на
безбедносниот лист на потрошниот материјал. Во
секој случај носете заштитни очила и ракавици,
коишто се наменети за работа со хемиски супстанци.
1 609 92A 6PZ | (20.07.2021)
Во зависност од материјалот, потребни се и
дополнителни заштитни мерки.
Овој електричен алат смее да се користи само за
u
истиснување на заптивни смеси и лепила од
комерцијални патрони. Истиснувањето на други
материјали или употребата на специфични системи за
пакување е строго забранета.
При обработка на испарливи или опасни
u
супстанции треба да се внимава работното место да
биде доволно проветрено и по потреба да се носи
соодветен апарат за дишење.
Бидете сигурни дека патроните се со правилната
u
големина за овој електричен алат. Бидете сигурни
дека патроните одговараат за држачот за патрони и
дека тој е добро прицврстен во електричниот алат.
Дури тогаш започнете со притискање на материјалот.
Никогаш не се обидувајте, да истиснувате
u
материјал од погрешно насочен или затнат патрон.
За време на употребата на електричниот алат
u
никогаш не го насочувајте истиот кон себе или кон
други лица.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Пиштолот за силикон е наменет за нанесување заптивни
смеси и лепила со различна вискозност на сува подлога
без прашина и маснотии или за исполнување на фуги со
материјалот што се употребува. Пиштолот за силикон
може да се користи во околина заштитена од испрскана
вода и на отворено.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Држач за патрони
(2) Затезна навртка
(3) Алуминиумски диспензер за истиснување
(4) Назабена летва
(5) Обрач за закачување
(6) Повлекувач на назабената шина
(7) Ограничувач на волуменскиот проток
(8) Отклучување на назабената шина
(9) Прекинувач за вклучување/исклучување
Bosch Power Tools