Bosch GCM 12 SDE Professional Notice Originale page 337

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 12 SDE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 42
– Навалете ја рачката на алатот со дршката (13) кон лево
или десно сè додека агломерот (44) или (5) не го
покажува посакуваниот агол на закосување.
– Повторно затегнете го затезниот лост (8).
Поставување на вертикални стандардни агли на
закосување (види слика J3)
– Олабавете го затезниот лост (8).
– Стандарден агол на закосување 0°:
навалете го кракот на алатот на рачката (13) малку
налево и притиснете го граничникот (45) целосно
наназад.
Стандарден агол на закосување 47°, 45°, 33,9° и
22,5°:
свртете го граничникот  додека саканиот стандарден
вертикален агол на закосување не се вклопи на
ознаката за стрелка.
– Повторно затегнете го затезниот лост (8).
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување (види слика K)
– За вклучување на електричниот алат најпрво ставете
ја блокадата при вклучување (14) на средина и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (33) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (33) не се блокира, туку
мора постојано да се држи притиснат за време на
работата.
Исклучување
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (33).
Ограничување на стартната струја (не е достапно во
сите верзии во зависност од земјата)
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш
по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја не работи.
Електричниот алат мора веднаш да се испрати во
сервисната служба. Адреси: Сервисна служба и совети
при користење.
Bosch Power Tools
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
Секогаш затегнувајте ги копчето за
u
фиксирање (23) и затезниот лост (8)пред
сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави
во делот што се обработува.
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
u
сечилото за пила во ниеден момент нема да ја
допре граничната водилка, столарските стеги или
другите делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Сечете само материјали, кои се дозволени за наменската
употреба.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога ја водите рачката на алатот надолу, мора да
го отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го
водите рачката на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен
капак мора да се затвори преку сечилото за пила и да се
фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Означување на линијата за сечење (види слика L)
Двата ласерски зрака Ви ја покажуваат ширината на
сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се
обработува може точно да го позиционирате за сечење,
без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.
– Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот (34).
– Израмнете ја Вашата ознака на делот за обработка
помеѓу двете ласерски линии.
Напомена: Пред сечењето, проверете дали ширината на
сечење е точно прикажана Подесување на ласерот.
Ласерските зраци може да се поместат на пр. со
вибрации при интензивна употреба.
Позиција на корисникот (види слика M)
Не застанувајте во една линија со сечилото за пила
u
пред електричниот алат, туку секогаш странично од
сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекрстувајте дланките пред рачката на алатот.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Хоризонтален
Вертикален агол
агол на
на закосување
закосување
Македонски | 337
Висина x ширина
[mm]
85 x 370
A)
70 x 400
1 609 92A 5U9 | (20.10.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières