Télécharger Imprimer la page

SPIT 160 SD Notice D'emploi Et D'entretien page 125

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
Безбедно користење на алатот е можно само ако корисникот го има целосно
проучено упатството за корисникот и безбедносните упатства и строго ги следи
упатствата содржани внатре.
Освен тоа, мора да се почитуваат упатствата за општа безбедност на прирачникот
доставен со алатот. Пред првото користење, корисникот треба да ја заврши
практичната обука.
Ако се оштети или пресече струјниот кабел за време на користење, да не го допирате
туку веднаш извадете го приклучокот од штекот. Никогаш не користете го алатот со
оштетен струен кабел.
Пред да дупчите во ѕидови и тавани, проверете да нема скриени кабли, цевки за гас и
вода и други средства.
Проверете го местото на работа, на пр. користејќи детектор за метал.
Пред да започнете со вашата работа, консултирајте се со стручњак за статика за да ја
одредите точната позиција на дупчење.
Ако дупчите низ плафони, обезбедете го просторот одоздола бидејќи круната за
дупчење може да падне долу.
Алатот не треба да се мокри или да се користи во влажна средина.
► Не работете со алатот во средина каде има опасност од експлозија.
► Не работете со алатот стоејќи на скала.
► Не дупчете во материјали што содржат азбест.
► Не носете го алатот за неговиот кабел и секогаш проверете го алатот, кабелот и
приклучницата пред користење. Оштетувањата треба да ги поправа само стручњак.
Ставете го приклучокот во штекерот само кога алатот е исклучен.
► Забранети се измени на алатот.
► Исклучете го алатот и проверете дали прекинувачот е исклучен ако алатот не е
под надзор, на пр. за време на подготовка, расклопување, прекин на струја, за
вметнување или монтирање на дополнителна опрема.
► Исклучете го алатот ако застане поради која било причина. На тој начин избегнувате
ненадејно стартување кога алатот е без надзор.
► Не користете го алатот ако се оштетени оклопот, прекинувачот, кабелот или
приклучокот.
► Секогаш одведувајте ги на назад струјниот и продолжниот кабел како и цревото за
собирање на прав од алатот.
► Електричните алати треба да се проверуваат визуелно од страна на стручњак во
редовни интервали.
► Алатот може да се користи само во работа со двете раце или со постољето за
дупчење.
► Рацете треба да ви бидат чисти, суви и без масло или маст.
► Не ги допирајте вртливите делови.
► Не е дозволено користење на алатот за лица под 16 години.
► За време на работа, корисникот и другите лица во близина треба да носат погодни
очила, заштитни шлемови, штитници за уши, маска за прашина, заштитни ракавици
и чизми.
► За време на рачна работа, секогаш држете го алатот со двете раце и осигурајте го од
паѓање. Земете ја во предвид силата на вртење во случај на блокирање.
► Секогаш работете со концентрација. Секогаш работете внимателно и не користете го
алатот ако не сте доволно внимателни.
► За време на рачна работа, работете со особена претпазливост кога вршите суво
дупчење со димензии помеѓу 100 и 200 мм!
MK
122

Publicité

loading

Produits Connexes pour SPIT 160 SD