Bosch GCM 10 MX Professional Notice Originale page 230

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 10 MX Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 29
OBJ_BUCH-2583-003.book Page 230 Thursday, September 1, 2016 7:50 AM
230 | Македонски
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено вшмукување (види слика D)
За едноставно собирање на струготините користете ја
испорачаната вреќичка за прав 19.
– Прикачете ја кесата за прав 19 на исфрлувачот на
струготини 25.
За време на сечењето, вреќичката за прав никогаш не
треба да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја вреќичката за прав.
 Проверете ја и исчистете ја вреќичката за прав по
секоја употреба.
 За да избегнете опасност од пожар, при сечење на
алуминиум, извадете ја вреќичката за прав.
Надворешно вшмукување
За вшмукување, на исфрлувачот на струготини 25 може
да приклучите и црево за вшмукување на прав (Ø 36 мм).
– Поврзете го цревото за вшмукување на прав со
исфрлувачот на струготини 25.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Менување на листови за пилата
(види слики E1–E3)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
1 609 92A 3A2 | (1.9.16)
Вадење на листот од пилата
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Притиснете на лостот 2 и навалете ја осцилаторната
заштитна хауба 5 наназад до крај.
Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција.
– Олабавете ја завртката 38 со испорачаниот крстест
одвртувач 22 колку да можете да го навалите
елементот за прицврстување на осцилаторната
заштитна хауба до крај наназад.
– Свртете го инбус шрафот 39 со испорачаниот
внатрешен шестаголен клуч 22 и истовремено
притиснете ја блокадата за вретеното 29 додека не се
вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 29 и
одвртете го шрафот 39 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 40.
– Извадете го листот за пилата 41.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 42.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Поставете ги затегнувачката прирабница 40 и
завртката со внатрешна шестаголна глава 39.
Притиснете ја блокадата на вретеното 29, додека не се
вклопи и затегнете ја завртката во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
– Притиснете ја осцилаторната заштитна хауба 5
нанапред надолу додека завртката 38 не посегне во
соодветниот отвор.
Притоа евентуално ќе морате кракот на алатот да го
држите за рачката, за да се подеси преднапонот на
осцилаторната заштитна хауба.
– Повторно прицврстете ја осцилаторната заштитна
хауба 5 (затегнете ја завртката 38).
– Притиснете на лостот 2 и повторно водете ја
осцилаторната заштитна хауба надолу.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика F)
Транспортниот осигурувач 27 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières