Bosch GDA 280 E Professional Notice Originale page 104

Ponceuse delta
Masquer les pouces Voir aussi pour GDA 280 E Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
OBJ_BUCH-428-004.book Page 104 Monday, December 2, 2013 8:47 AM
104 | Македонски
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за брусилки
 Користете го електричниот уред само за суво
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
уред го зголемува ризикот од електричен удар.
 Внимание, постои опасност од пожар! Избегнувајте
прегревање на парчето што се бруси и брусилката.
Пред да направите пауза во работата, секогаш
испразнете го резервоарот за прав. Правта од
брусењето, микро честичките, хартиената кеса (или
филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав)
можат самите да се запалат при неповолни услови, како
на пр. летање на искри при брусење на метали.
Особена опасност постои, доколку правта од
брусењето се измеша со остатоци од лак, полиретан
или други хемиски материјали и доколку парчето што
се бруси се вжешти по долготрајна работа.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за суво брусење и
полирање на дрво, пластика, метал, шпахтел маса како и
лакирани површини. Особено е погоден за профили,
ќошеви или тешко достапни места.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
осцилации
2 609 932 907 | (2.12.13)
3 Млазници за издувување
4 Лист за брусење*
5 Основна брусна плоча
6 SDS-лизгач за вадење на основната брусна плоча
7 Рачка (изолирана површина на дршката)
8 Црево за вшмукување*
9 Додаток за брусењеламели*
10 Брусен лист за брусното јазиче*
11 Брусно јазиче, рамно*
12 Брусно јазиче, овално*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Delta-брусилка
Број на дел/артикл
Номинална јачина
Број на празни вртежи
Број на осцилации во празен од min
Аголни (габаритни) димензии
на брусниот лист
Дијаметар на кругот на
осцилирање
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01/2003
Класа на заштита
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично изнесува 78 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Нивото на звучниот притисок при работењето може да
пречекори и 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745:
2
2
a
=5,0 m/s
, K=1,5 m/s
.
h
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
GDA 280 E
0 601 294 7..
W
280
-1
min
6500 – 9500
-1
13000 – 19000
мм
94
мм
2,0
кг
1,1
/II
(векторски збор на
h
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières