Bosch GCM 10 S Professional Notice Originale page 272

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 10 S Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 33
OBJ_BUCH-1126-005.book Page 272 Wednesday, April 27, 2016 3:07 PM
272 | Македонски
Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика I)
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, на масата за пила има жлебови 16:
лево
45° 31,6° 22,5° 15°
15° 22,5° 31,6° 45° 60°
– Отпуштете го копчето за фиксирање 13, доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот 14 и свртете ја масата за пила 17 до
саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се
вклопи во жлебот.
Поставување на хоризонтални агли на закосување
(види слика J)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од 52° (на левата страна) до 62° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање 13, доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот 14 и истовремено притиснете ја
стегата за фиксирање 12 додека таа не се вклопи во
жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за
пила ќе биде слободно подвижна.
– Вртете ја масата за пила 17 со држачот налево или
надесно додека показателот на агли 15 не го покаже
саканиот агол на закосување.
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 13.
Поставување на стандардниот агол на закосување
(види слика K)
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, постојат граничници за агли од 0°, 45° и
33,9°.
– Олабавете ја затезната рачка 32.
– Стандарден агол 0° и 45°:
Навалете ја рачката на апаратот 6 до крај на десно 0°)
или до крај на лево (45°).
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 32.
– Стандарден агол 33,9°:
Извлечете го копчето за подесување 31 целосно
нанадвор и свртете го за 90°. Потоа навалете го кракот
на алатот на рачката 6 додека тој не се вклопи.
Поставување на вертикален агол на закосување
(види слика K)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави
во граници од 0° до 45°.
– Олабавете ја затезната рачка 32.
– Рачката на апаратот навалете ја на дршката 6 додека
показателот на агли 48 не го прикаже саканиот агол на
закосување.
– Држете ја рачката на апаратот во оваа позиција и
повторно затегнете ја затезната дршка 32.
1 609 92A 2N6 | (27.4.16)
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
десно
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување (види слика L)
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување 5 и држете го притиснат.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Само со притискање на лостот за фиксирање 4 рачката на
апаратот може да се води надолу.
– За сечење, дополнително кон активирањето на
прекинувачот за вклучување/исклучување 5, мора да
го притиснете лостот 4.
Исклучување
– За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 5.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
 При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ја допре
граничната водилка, столарските стеги или другите
делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за поставување
на шината на граничникот.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Позиција на корисникот (види слика M)
 Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата. На тој начин, вашето
тело е заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот лист за пилата.
– Не ги прекрстувајте рацете пред рачката на апаратот.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières