Bosch GAS 55 M AFC Professional Notice Originale page 204

Masquer les pouces Voir aussi pour GAS 55 M AFC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
OBJ_BUCH-1747-003.book Page 204 Tuesday, September 30, 2014 10:13 AM
204 | Македонски
– Пред вшмукување на влажни материјали извадете ја
вреќичката за отпад 29 или прав и испразнете го
контејнерот 1.
Напомена: За полесно отстранување, при вшмукувањето
на мешавина од вода и цврсти материјали, користете
водена филтер вреќичка (опрема), која ќе ја одвои водата
од цврстите материјали.
– Поставете ја гумената лента на подната млазница (види
„Местење на гумената лента", страна 202).
– Исклучете го автоматското чистење на филтерот (AFC)
(види „Деактивирање на AFC", страна 204).
Вшмукувачот е опремен со сензори за ниво на
наполнетост 40. Доколку се достигне максималното ниво
на наполнетост, вшмукувачот се исклучува. Прекинувачот
за избор на начинот на работа 7 поставете го на ознаката
„Исклучување".
Напомена: При вшмукување на неспроводливи
материјали (на пр. емулзија настаната при дупчење, масла
и маснотии) вшмукувачот нема да се исклучи и при полн
контејнер. Состојбата на наполнетост мора постојано да се
проверува и контејнерот навреме да се празни.
Доколку при вшмукувањето на влажни материјали се
слушне акустичен сигнал за предупредување,
безбедноста на функцијата на вшмукувачот не е
нарушена. Нема потреба од мерки за поправа на
пречките.
– Извлечете го испусното црево 23 од неговиот држач и
испуштете ја валканата вода преку испусното црево.
– При транспорт на вшмукувачот, зашрафете ги чеповите
2 на прифатот на цревото 3.
За да се избегне создавањето на мувла по вшмукувањето
на влажни материјали:
– Извадете го набраниот филтер 30 и оставете го добро
да се исуши.
– Извадете го горниот дел на вшмукувачот 13, отворете
го поклопецот на филтерот 39 и оставете ги добро да се
осушат.
Чистење на филтерот
Автоматско чистење на филтерот (види слика I)
Доколку е вклучено автоматското вклучување на
филтерот (AFC = Automatic Filter Cleaning) набраниот
филтер 30 ќе се чисти на секои 15 секунди со воздушен
млаз (пулсирачки звук).
Подоцна, откако јачината на вшмукување ќе се намали,
филтерот мора да се исчисти.
Со редовно чистење на филтерот се зголемува рокот на
траење на филтерот.
За да се постигне идеален рок на употреба на филтерот,
деактивирајте го чистењето на филтерот само во
исклучителни случаи: на пр. при вшмукување на чисти
течности или при користење на хартиена филтер
вреќичка.
Доколку набраниот филтер е извалкан на површината, тој
сепак е целосно функционален. Рачно чистење на
набраниот филтер со тропање или издувување не е
потребно и може да го исчисти филтерот.
1 609 92A 0XF | (30.9.14)
Напомена: Автоматското чистење на филтерот е
фабрички вклучено.
Вклучувањето/исклучувањето на автоматското чистење
на филтерот е возможно само доколку уредот е вклучен.
– Деактивирање на AFC
Активирајте го копчето за AFC 9.
Контролното LED-светло 38 се гаси.
– Активирање на AFC
Активирајте го копчето за AFC 9.
Контролното LED-светло 38 свети зелено.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на вшмукувачот,
извлечете го струјниот приклучок од конекторот.
 Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
 При сервис и чистење на вшмукувачот користете
маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Најмалку еднаш годишно потребно е са се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
филтерот, дали вшмукувачот добро дихтува и функцијата
на уредот за контрола.
Кај вшмукувачите од класа M, што се користеле во нечиста
околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите
машински делови или да се третира со средство за
дихтување. Пред да извршите било какви поправки, сите
извалкани делови што не може доволно да се исчистат,
мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се отстранат
во непропустливи кеси во согласност со важечките
одредби за отстранување на ваков отпад.
За одржување од страна на корисникот, вшмукувачот
мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е
изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој
го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
вшмукувачот треба да се исчисти за да се избегнат
евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се
демонтира вшмукувачот, мора добро да биде проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна опрема.
По одржувањето, исчистете го просторот каде сте
работеле.
Вадење/менување на набраниот филтер
(види слики J1–J2)
Веднаш заменете го оштетениот набран филтер 30.
– Извлечете го од окцето за затворање 20 и отворете го
поклопецот за филтерот 39.
– Фатете го набраниот филтер 30 за држачите и извадете
го нагоре.
– Отстранете ја правта и нечистотијата, што испаѓа при
вадење на набраниот филтер 30, со влажна крпа од
рабовите на поклопецот за филтерот 39.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gas 35 l afc professiona

Table des Matières