Bosch GRL 400 H Professional Notice Originale page 213

Masquer les pouces Voir aussi pour GRL 400 H Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
OBJ_BUCH-1179-004.book Page 213 Monday, December 7, 2015 5:49 PM
Вклучување/исклучување
 При вклучување на ласерскиот приемник се слуша
гласен сигнален тон. „Нивото на звучниот притисок на
сигналниот тон, коешто е оценето со A, на 0,2 м
растојание изнесува до 95 dB(A)."
 Не го држете ласерскиот приемник близу до увото!
Гласниот тон може да го оштети слухот.
– За вклучување на ласерскиот приемник, притиснете
го копчето за вклучување-исклучување 19. Се
огласуваат двата сигнални тона и кратко светнуваат
сите прикази на екранот.
– За исклучување на ласерскиот приемник, одново
притиснете на копчето за вклучување-исклучување 19.
Доколку не се притисне некое од копчињата на ласерскиот
приемник во период од околу 10 мин. и ласерскиот зрак
не достигне до полето за прием 24 10 мин., ласерскиот
приемник автоматски се исклучува, заради заштита на
батеријата. Исклучувањето се означува со сигнален тон.
Избирање на поставката за приказ на средината
Со копчето 20 може да утврдите, со колкава точност ќе се
прикаже позицијата на ласерскиот зрак на полето за
прием „средно" :
– Поставка „фино" (приказ f на екранот),
– Поставка „средно" (приказ a на екранот).
При промена на поставката за точност се слуша сигнален
тон.
По вклучување на ласерскиот приемник, секогаш е
поставена точноста „средно" .
Прикази за правец
Приказите Долу g, Срединаe и Горе c (на предната и на
задната страна на ласерскиот приемник) ја прикажуваат
позицијата на ротирачкиот ласерски зрак на полето за
прием 24 . Дополнително, позицијата може да се прикаже
со сигнален тон (види „Сигнален тон за приказ на
ласерскиот зрак", страна 213).
Ласерскиот приемник е поставен прениско: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ горната половина на
полето за прием 24, на екранот се појавува долниот
приказ за правец g .
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со
бавен такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката
нагоре. Со доближување кон средишната ознака 23 ќе се
прикаже само врвот на приказот за правец g .
Ласерскиот приемник е поставен превисоко: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ долната половина на
полето за прием 24, на екранот се појавува горниот
приказ за правец c.
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со
забрзан такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката
надолу. Со доближување кон средишната ознака 23 ќе се
прикаже само врвот на приказот за правец c .
Ласерскиот приемник е поставен во средина: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ полето за прием 24 на
висина на средишната ознака 23, светнува приказот за
Bosch Power Tools
средина e. При вклучен сигнален тон се слуша непрекинат
тон.
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием 24 се
прикажува со сигнален тон.
По вклучување на ласерскиот приемник, сигналниот тон е
секогаш исклучен.
При вклучување на сигналниот тон, може да изберете
помеѓу две јачини на звукот.
– За вклучување одн. менување на сигналниот тон,
притискајте на копчето Сигнален тон 21, додека не се
постигне саканата јачина на звукот. При средна јачина
на звукот, приказот за сигнален тон d трепка на
екранот, при повисока јачина на звукот приказот
непрекинато свети, при исклучен сигнален тон - се
гаси.
Автоматика на нивелирање на ротациониот
ласер
По вклучувањето, мерниот уред автоматски ја проверува
хоризонталната положба и ги израмнува нерамнините во
полето на самонивелирање од околу 8 % (5°) .
Доколку по вклучувањето или по промена на положбата,
мерниот уред стои повеќе од 8 % косо, нивелирањето не е
повеќе можно. Во овој случај, роторот ќе запре, ласерот
трепка и приказот за нивелирање 1 свети непрекинато
црвено. Одново позиционирајте го мерниот уред и
почекајте го нивелирањето. Без одново позиционирање,
по 2 мин. автоматски се исклучува ласерот и по 2 ч
мерниот уред.
Доколку мерниот уред е изнивелиран, тој постојано ја
проверува хоризонталната положба. При промени во
положбата, автоматски се врши нивелирање. За
избегнување на погрешни мерења, за време на процесот
на нивелирање, роторот стопира и приказот за
нивелирање 1 трепка зелено.
Функција за предупредување за удар
Мерниот уред има функција за предупредување за удар,
која при промени на положбата одн. потреси на мерниот
удар или при вибрации на подлогата го спречува
нивелирањето на променетата висина и со тоа и грешките
во висина.
По вклучување на мерниот уред, при поставена фабричка
поставка, функцијата за предупредување за удар е
вклучена (приказот за предупредување за удар 3 свети).
Предупредувањето за удар ќе се активира околу 30 с. по
вклучувањето на мерниот уред одн. по вклучување на
функцијата за предупредување за удар.
Доколку при промена на положбата на мерниот уред се
пречекори полето на точност на нивелирање или се
регистрира јак потрес, се активира предупредувањето за
удар: Ротацијата запира, ласерот трепка, приказот за
нивелирање 1 се гаси и приказот за предупредување за
удар3 трепка црвено.
Македонски | 213
1 609 92A 264 | (7.12.15)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Lr 1 professional

Table des Matières