Bosch GRL 400 H Professional Notice Originale page 212

Masquer les pouces Voir aussi pour GRL 400 H Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
OBJ_BUCH-1179-004.book Page 212 Monday, December 7, 2015 5:49 PM
212 | Македонски
Доколку приказот за наполнетост на батеријата 6 свети
непрекинато црвено, не е возможно да се вршат мерења.
Мерниот уред автоматски се исклучува по 1 минута.
Потрошувачка на енергија за ласерскиот
приемник
За работа со ласерскиот приемник се препорачува
користење на алкално-мангански батерии.
– Притиснете на блокадата 18 на преградата за батерии
нанадвор и отворете го поклопецот на преградата за
батерии 28 .
При ставањето на батеријата, внимавајте на половите,
според сликата во преградата за батерии.
Доколку предупредувањето за батеријата b се појави прв
пат на екранот 25, ласерскиот приемник може да работи
уште околу 3 ч.
 Доколку не сте го користеле ласерскиот приемник
подолго време, извадете ги батериите од него. При
подолго складирање, батериите може да кородираат
или да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба на ротациониот ласер
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете контрола на точноста (види „Точност
на нивелирање на ротациониот ласер", страна 214).
 Исклучете го мерниот уред, пред да го
транспортирате. На тој начин ќе заштедите енергија и
ќе спречите случајно да излезат ласерски зраци.
Поставување на мерниот уред
Поставете го мерниот уред на стабилна
подлога или монтирајте го на статив 30.
Врз основа на високата точност на
нивелирање, мерниот уред реагира
многу осетливо на потреси и промени на
положбата. Внимавајте на стабилна
позиција на мерниот уред, за да се
избегнат прекини на работата поради дополнително
нивелирање.
Вклучување/исклучување
 Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или
животни (особено не во висина на очите), и не
погледнувајте директно во него (дури ни од голема
1 609 92A 264 | (7.12.15)
оддалеченост). Веднаш по вклучувањето, мерниот
уред пушта варијабилен ласерски зрак 4.
– За вклучување на мерниот уред, притиснете кратко на
копчето за вклучување-исклучување 2. Приказите 3,1
и6 кратко светнуваат. Мерниот уред започнува веднаш
со автоматско нивелирање. За време на
нивелирањето, приказот за нивелирање 1 трепка
зелено, ласерот не ротира и трепка.
Мерниот уред е изнивелиран, штом приказот за
нивелирање 1 свети непрекинато зелено и ласерот свети
непрекинато. По завршување на нивелирањето мерниот
уред автоматски стартува во ротационен погон.
Мерниот уред работи исклучиво во ротационен режим и
со фиксна ротациона брзина, којашто исто така е
прилагодена за примена со ласерскиот приемник.
При поставена фабричка поставка, функцијата за
предупредување за удар автоматски се вклучува,
приказот за предупредување за удар 3 свети зелено.
– За исклучување на мерниот уред, притиснете кратко
на копчето за вклучување-исклучување 2. При
активирано предупредување за удар (приказот за
предупредување за удар 3 свети црвено) притиснете
еднаш кратко на копчето за вклучување-исклучување
за одново стартување на функцијата за
предупредување за удар, а со повторното кратко
притискање го исклучувате мерниот уред.
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
Мерниот уред автоматски ќе се исклучи заради заштита на
батериите, доколку се наоѓа подолго од 2 часа надвор од
полето на самонивелирање или предупредувањето за
удари е активирано подолго од 2 часа (види „Автоматика
на нивелирање на ротациониот ласер", страна 213).
Одново позиционирајте го мерниот уред и повторно
вклучете го.
Ставање во употреба на ласерскиот приемник
 Заштитете го ласерскиот приемник од влага и
директно изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте ласерскиот приемник на
екстремни температури или осцилации во
температурата. Напр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата,
оставете го ласерскиот приемник најпрво да се
аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При
екстремни температури или осцилации во
температурата, прецизноста на ласерскиот приемник
може да се наруши.
– Поставете го ласерскиот приемник на растојание од
најмалку 50 см од ротациониот ласер. Поставете го
ласерскиот приемник на тој начин што ласерскиот зрак
ќе достигне до полето за прием 24 .
За да се заштеди енергија, вклучувајте го ласерскиот
приемник само доколку го користите.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Lr 1 professional

Table des Matières