Одржување И Сервис - Bosch GIC 120 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GIC 120 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
OBJ_BUCH-2377-001.book Page 77 Thursday, February 26, 2015 9:55 AM
 Вклучените светла 9 може да се вжештат за време
на работата. Не ги допирајте светлата, за да избегнете
изгореници.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на камерата за проверка притиснете на
копчето за вклучување-исклучување 2. На екранот 5
накратко ќе се прикаже стартниот екран.
Напомена: Доколку кабелот за камерата не е монтиран
при вклучувањето, екранот покажува порака за грешка.
За исклучување на камерата за проверка, одново
притиснете го копчето за вклучување-исклучување 2.
Доколку не се притисне копче на камерата за проверка
околу 20 мин., таа автоматски се исклучува заради
заштита на батеријата.
Регулирање на светлата на главата на камерата
За да ја осветлите сликата на камерата на екранот , може
да ги вклучите светлата 9 на главата од камерата и да ја
регулирате светлината.
Светлината може да се подеси во 4 степени 0 %, 25 %,
50 %, 100 %).
За да ги вклучите светлата на камерата 9 и за да ја
зголемите светлината притискајте на копчето 4, додека не
се постигне саканата светлина.
 Не погледнувајте директно во светлата 9 и не ги
насочувајте истите кон други лица. Светлината на
светлата може да ги заслепи очите.
За да ја намалите светлината и за да ги исклучите светлата
на камерата 9 притискајте го копчето 4, додека не се
постигне саканата светлина одн. не се исклучат светлата.
Зголемување на сликата на екранот (зумирање)
Со кратко притискање на копчето 6 можете да ја зголемите
сликата на екранот за 1,5 или 2 пати.
Црно/бело копче
Со кратко притискање на копчето 3 можете да го менувате
екранот меѓу репродукција на боја и црно-бела
репродукција. Со црно-белата репродукција може да се
подобри контрастот.
Compass view со референтна точка (Up-Indicator)
(види слика D)
Со долго притискање на копчето 3 ќе дојдете до Compass
View e. Жолтата референтна точка (Up-Indicator) притоа
покажува, каде физички се наоѓа сликата „горе".
Напомена: Ограничена функција при монтирано
огледало 18 и/или при вертикално израмнување на
кабелот од камерата 7.
Статусна лента
Статусната лента a се отвора околу 2 секунди на екранот
по секое притискање на копчињата. Таа ги покажува:
– поставеното зголемување (b)
– поставената светлина (c)
– состојбата на наполнетост на батериите (d).
Bosch Power Tools
Совети при работењето
Испитајте ја околината што сакате да ја проверите, а
особено внимавајте на пречките или опасните места.
Свиткајте го кабелот на камерата 7 така што главата на
камерата ќе може лесно да се воведе во околината која
треба да се истражи. Внимателно водете го кабелот на
камерата.
Осветленоста на светлата на камерата 9 прилагодете ја на
тој начин што сликата добро ќе се препознае. На пр. кај
предметите што имаат јака рефлексија, може да се
постигне подобра слика со помалку светло.
Доколку предметите што се бараат се прикажани нејасно,
тогаш намалете го или зголемете го растојанието помеѓу
главата на камерата 8 и преметот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Не го потопувајте рачниот уред 1 во вода или други
течности.
Постојано одржувајте ја чистотата на камерата за
проверка. Исчистете ги камерата за проверка и сите други
помошни средства темелно, особено доколку сте
работеле во области со супстанци опасни по здравјето.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Особено редовно чистете ја леќата на камерата 10 и
внимавајте на влакненцата.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на камерата за проверка.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Камерата за проверка, батериите, опремата и амбалажите
треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ја фрлајте камерата за проверка и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Македонски | 77
1 609 92A 122 | (26.2.15)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières