Bosch GML SoundBoxx 14,4 V Professional Notice Originale page 124

Masquer les pouces Voir aussi pour GML SoundBoxx 14,4 V Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
124 | Македонски
согласност со приказот на надворешната страна на
поклопецот на преградата за батерии.
Повторно ставете го поклопецот на преградата за батерии
23 и прицврстете го со завртката 22.
Заменете ги резервните батерии, доколку приказот e
избледи и времето на часовникот на радиото не може да
се зачува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
 Извадете ги резервните батерии од радио апаратот
за градилиште доколку не сте го користеле подолг
период. Доколку се подолго време складирани,
резервните батерии може да кородираат и да се
испразнат.
Употреба
 Заштитете го радио апаратот за градилиште од влага
и директно сончево зрачење. Радио апаратот за
градилиште е наменет за употреба само во суви
внатрешни простории.
Аудио режим
Вклучување/исклучување
За вклучување на радио апаратот за градилиште
притиснете на копчето за вклучување-исклучување 2.
Екранот 1 ќе се активира и ќе го репродуцира аудио
изворот поставен при последното исклучување на радио
апаратот за градилиште.
Напомена: За време на првата употреба со акумулатор
или по подолг период на неупотребување на радио
апаратот за градилиште, можно е да треба повеќе пати или
подолго да го притиснете копчето за вклучување-
исклучување 2 за да го вклучите уредот.
Екранот 1 ќе се осветли неколку секунди при секое
притискање на копчето.
За исклучување на радио апаратот за градилиште одново
притиснете на копчето за вклучување-исклучување 2. Ќе
се зачува моменталната поставка на аудио изворот.
За да заштедите енергија, вклучувајте го радио апаратот
за градилиште само доколку го користите.
Подесување на гласноста
По вклучувањето на радио апаратот за градилиште
секогаш се поставува средна гласност (вредност 10).
За зголемување на гласноста притиснете на копчето
„Vol +" 5, а за намалување на гласноста на копчето „Vol –"
3. Подесувањето на гласноста „VL" се појавува со
вредност помеѓу 0 и 20 неколку секунди на приказот e на
екранот.
Пред подесувањето или менувањето на радио станицата
поставете ја гласноста на пониска вредност, а пред стартот
на надворешен аудио извор на средна вредност.
За исклучување на тонот можете да го притиснете копчето
„Mute" 12. За да го вклучите повторно тонот, притиснете
одново или на копчето „Mute" 12 или на едно од
копчињата за гласност „Vol +" 5 одн. „Vol –" 3.
Подесување на бојата на звукот
За оптимална репродукција на тонот во радио апаратот за
градилиште има вграден изедначувач.
За да го смените рачно нивото на бас, притиснете еднаш
на копчето „Equalizer" 4. На екранот се појавуваат „BA"
како и зачуваната вредност на нивото на басот на приказот
e. За нивото на високиот тон одново притиснете го копчето
„Equalizer" 4, на приказот e се појавуваат „TR" како и
зачуваните вредности на нивото на висок тон.
Нивото на бас одн. висок тон може да се промени во
граници од –5 до +5. За зголемување на прикажаната
вредност притиснете на копчето „Vol +" 5, а за
намалување на копчето „Vol –" 3. Променетите
вредности автоматски ќе се зачуваат, доколку приказот e
се врати на приказ на времето неколку секунди по
последното притискање на копчето.
Избирање на аудио извор
За избор на аудио извор притискајте на копчето „Source"
11, додека на екранот не се појави приказот f за саканиот
внатрешен аудио извор (види „Подесување/зачувување
на радио станицата", страна 124) одн. надворешен аудио
извор (види „Приклучување на надворешни аудио
извори", страна 125):
– „FM": радио преку UKW,
– „AM": радио преку MW,
– „AUX": надворешен аудио извор (на пр. CD-плеер)
преку 3,5-mm-отвор 16.
Подесување на стапчестата антена
Радио апаратот за градилиште се испорачува со
монтирана стапчеста антена 7. За време на работата на
радиото свртете ја антената во правецот, којшто
овозможува најдобар прием.
Доколку нема добар прием, поставете го радио апаратот
за градилиште на место со подобар прием.
Напомена: При работа на радио апаратот за градилиште
во непосредна близина на радио инсталации, радио уреди
или други електронски уреди може да дојде до
попречување на радио приемот.
Подесување/зачувување на радио станицата
Притискајте на копчето за избор на аудио извор „Source"
11, додека на приказот не се појави f „FM" за приемното
поле ултра кратки бранови (UKW) одн. „AM" за приемното
поле средни бранови (MW).
За подесување на одредена радио фреквенција
притиснете на копчето за пребарување нанапред
да ја зголемите фреквенцијата, одн. копчето за
пребарување наназад
фреквенцијата. Моменталната фреквенција се појавува
на приказот a на екранот.
За пребарување на радио станици со висока јачина на
сигналот притиснете на копчето за пребарување
нанапред
9 одн. копчето за пребарување наназад
8 и држете го кратко притиснато. Фреквенцијата на
пронајдената радио станица се појавува на приказот a на
екранот.
8, за да ја намалите
9, за

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gml soundboxx 18 v professionalGml soundboxx professional professional 14,4 vGml soundboxx professional 18 v

Table des Matières