Илустрација На Компоненти; Технички Податоци - Bosch GML SoundBoxx 14,4 V Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GML SoundBoxx 14,4 V Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
122 | Македонски
 За време на користењето, чистењето и
одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се
осигурате дека децата нема да си играат со радио
апаратот за градилиште.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од експлозија.
 Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
 Батеријата користете ја само заедно со Вашиот
радио апарат за градилиште и/или електричен
апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 Прочитајте ги и внимавајте на безбедносните и
работните напомени во упатството за користење на
уредите коишто ги приклучувате на радио апаратот
за градилиште.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на радио апаратот за градилиште на графичката
страница.
1 Екран
2 Копче за вклучување-исклучување
3 Копче за намалување на гласноста/бас/висок тон
„Vol –"
4 Копче за рачно подесување на бојата на звукот
„Equalizer"
5 Копче за зголемување на гласноста/бас/висок тон
„Vol +"
6 Копчиња за зачувување на програмата
7 Стапчеста антена
8 Копче за пребарување наназад
9 Копче за пребарување нанапред
10 Копче за подесување на времето
11 Копче за избор на аудио извор „Source"
12 Копче за исклучување на звукот „Mute"
13 Рачка за носење
14 Звучник
15 Преграда за батеријата
16 „AUX IN"-отвор
17 AUX-кабел
18 Копче за отклучување на батеријата
19 Батерија*
20 Мрежен напојувач
21 Приклучок за уредот
22 Завртка за поклопецот од преградата за батерии
23 Поклопец на преградата за батеријата
24 12-V-приклучен конектор
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Елементи на приказот
a Приказ на радио фреквенција
b Приказ за наполнетоста на батеријата
c Приказ на стерео прием
d Приказ за исклучување на звукот
e Мултифункционален приказ
f Приказ на аудио извор
Технички податоци
Радио апарат за градилиште
Број на дел/артикл
Батерии за резервно
напојување
Батерија
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014
* ограничена јачина при температури <0 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
GML SoundBoxx
3 601 D29 9..
2 x 1,5 V
(LR03/AAA)
V
14,4/18
кг
1,6

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gml soundboxx 18 v professionalGml soundboxx professional professional 14,4 vGml soundboxx professional 18 v

Table des Matières