Одржување И Сервис; Одржување И Чистење; Сервисна Служба И Совети При Користење - Bosch GKF 550 Professional Notice D'utilisation D'origine

Masquer les pouces Voir aussi pour GKF 550 Professional:
Table des Matières

Publicité

Повторно прицврстете ја лабаво лизгачката плоча на
основната плоча (9). Лизгачката плоча мора да може
слободно да се движи.
За да биде подеднакво исто растојанието на средината на
глодалката и работ на копирната чаура, доколку е
потребно, копирната чаура и лизгачката плоча мора да се
центрираат една кон друга.
– Насочете ја лизгачката плоча така што глодалката и
копирната чаура ќе бидат центрирани кон лизгачката
плоча (види слика E3).
– Држете ја лизгачката плоча во оваа позиција и
прицврстете ги завртките за прицврстување.
За глодање со копирната чаура (18) постапете на
следниот начин:
– Поставете го електричниот алат со копирната
чаура (18) на шаблоните.
– Водете го електричниот алат со копирната чаура што
стрчи, со страничен притисок по должината на
шаблонот.
Обликување и глодање на рабови (види слика F)
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
Водете го вклучениот електричен алат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од
делот што се обработува.
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при
потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети
работ на делот што се обработува.
Глодање со паралелен граничник (види слика G)
За сечење паралелно по рабови може да монтирате
паралелен граничник (19).
Прицврстете го паралелниот граничник (19) на корпата
за глодалка (2) со навртка (4).
Со пеперутка-завртката на паралелниот граничник (20)
поставете ја саканата длабочина на граничникот.
Водете го вклучениот електричен алат со рамномерно
движење и страничен притисок на паралелниот
граничник по должината на работ од делот што се
обработува.
Глодање со помагало при водење (види слика H)
Помагалото при водење (21) служи за глодање на рабови
со глодалка без чивии-водилки или кугличесто лежиште.
Прицврстете го помагалото при водење на корпата за
глодалка (2) со навртка (4).
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка со еднаков притисок.
Странично растојание: За да ја промените количината
на отстранет материјал, можете да го подесите
страничното растојание помеѓу делот за обработка и
лизгачкиот валјак (24) на помагалото при водење (21).
Олабавете ја пеперутка-завртката (22), поставете го
страничното растојание со вртење на пеперутка-
Bosch Power Tools
завртката (23) и повторно затегнете ја пеперутка-
завртката (22).
Висина: Во зависност од употребената глодалка и
дебелината на делот што се обработува подесете го
вертикалното израмнување на помагалото при водење.
Олабавете ја навртката (4) на помагалото при водење,
притиснете го истото во саканата позиција и повторно
затегнете ја завртката.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да го
избегнете загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните алати во
домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/ЕУ за
електрични и електронски уреди и нивната
имплементација во националното право, електричните
алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и
да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Македонски | 123
1 609 92A 47Z | (05.04.2018)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières