Опис На Производот И Перформансите - Bosch GKF 550 Professional Notice D'utilisation D'origine

Masquer les pouces Voir aussi pour GKF 550 Professional:
Table des Matières

Publicité

120 | Македонски
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за површински
глодалки
Држете го електричниот алат за изолираната
u
површина, бидејќи сечилото може да дојде во
контакт со неговиот кабел. Сечењето на жица „под
напон" може да ги изложи металните делови на
електричниот алат „под напон" и операторот може да
добие струен удар.
Користете менгеме или некој друг практичен начин
u
за да го обезбедите и прицврстите делот што се
обработува на стабилна површина. Доколку го
држите делот што се обработува со рака или го
наслоните на вас, тој ќе биде нестабилен и може да
изгубите контрола.
Дозволениот број на вртежи на алатот што се
u
вметнува мора да биде најмалку исто толку висок
како највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот алат. Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното може да се скрши и да летне од алатот.
Глодалките или другата опрема мора точно да
u
одговараат на прифатот за алат (затезната чаура)
на Вашиот електричен алат. Алатите за вметнување
што не може точно да се прицврстат во прифатот за
алат на електричниот алат, се вртат нерамномерно,
вибрираат многу јако и може да доведат до губење на
контролата.
Ставете го електричниот алат само кога е вклучен
u
на делот што се обработува. Инаку постои опасност
од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се
заглави во делот што се обработува.
Не глодајте никогаш над метални предмети, клинци
u
и шрафови. Глодалката може да се оштети и да доведе
до зголемени вибрации.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
1 609 92A 47Z | (05.04.2018)
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
Не користете тапи или оштетени глодалки. Тапите
u
или оштетените глодалки предизвикуваат зголемено
триење, може да се заглават и да доведат до
нерамнотежа.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за глодање на жлебови,
рабови, профили и долгнавести отвори на цврста
подлога во дрво, пластика и лесни градежни материјали
како и за копирно глодање.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Погонска единица
(2) Корпа на глодалката
(3) Држач за карбонска четка
(4) Завртка за водилката на глодалката
(5) Одбивач на струготини
A)
(6) Глодалки
(7) Навртка за осигурување со затезна клешта
(8) Лизгачка плоча
(9) Основна плоча
(10) Затегнувачка завртка
(11) Пеперутка-завртка за корпата на глодалката
(12) Прекинувач за вклучување/исклучување
(13) Скала за подесување на длабочината на глодање
(14) Затегнувачка чаура
(15) Прифат на алатот
(16) Вилушкаст клуч (10 mm)
(17) Вилушкаст клуч (17 mm)
A)
(18) Копирна чаура
A)
(19) Паралелен граничник
(20) Пеперутка-завртка за паралелен граничник
A)
(21) Помагало при водење
(22) Пеперутка-завртка за фиксирање на
хоризонталното израмнување 
A)
A)
A)
A)
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières