Македонски; Безбедносни Напомени; Употреба Со Соодветна Намена - Bosch 2 608 599 000 Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 7
OBJ_BUCH-2351-002.book Page 39 Wednesday, March 28, 2018 2:25 PM
Македонски
Безбедносни напомени
Прочитајте си сите безбедносни
напомени и инструкции, коишто се
испорачани заедно со прстенот за
собирање вода или сталакот за
дупчалката. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и
упатства за користење и за во иднина.
 Неопходно е да внимавате на безбедносните и
работните напомени за сталакот за дупчалка!
 Придржувајте се до важечките национални и
меѓународни норми.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на прстенот за собирање на вода, и држете ја отворена
додека го читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
2 608 599 000
Прстенот за собирање вода претставува опрема за сталакот
за дијамантска дупчалка GCR 350. Тој е наменет за вшму-
кување на водата којашто излегува при мокрото дупчење со
дијамантските дупчалки GDB 350 WE и GDB 2500 WE.
2 608 599 001
Прстенот за собирање вода претставува опрема за
сталакот за дијамантска дупчалка GCR 180. Тој е наменет
за вшмукување на водата којашто излегува при мокрото
дупчење со дијамантската дупчалка GDB 180 WE.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на прстенот за собирање вода на графичката
страница.
1 Подна плоча*
2 Столб за дупчење*
3 Затегнувачка пружина на прстенот за собирање вода
4 Потпорни точки на прстенот за собирање вода
5 Прстен за собирање на вода
6 Заптивен поклопец
7 Затворач на затегнувачкиот прстен (2 608 599 000)
8 Прстен за дихтување
9 Сталак за дијамантска дупчалка GCR 350*
10 Сталак за дијамантска дупчалка GCR 180*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Bosch Power Tools
Технички податоци
Прстен за собирање на вода
Број на дел/артикл
Дијаметар на дупката макс.
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
Прстен за собирање на вода
Број на дел/артикл
Дијаметар на дупката макс.
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
Монтажа
2 608 599 000: Прицврстете го сталакот за дупчалка 9 со
типла, вакуум или брзозатегнувачки столб на подлогата
(погледнете во упатството за употреба на сталакот за
дупчалката).
2 608 599 001: Прицврстете го сталакот за дупчалка 10
со типла или вакуум на подлогата (погледнете во
упатството за употреба на сталакот за дупчалката).
Исечете еден отвор во саканиот дијаметар на дупчење во
заптивниот поклопец.
Притиснете ја затегнувачката пружина 3 до крај во
процепот помеѓу подната плоча 1 и столбовите на
дупчалката 2. Внимавајте аголниот дел од затегнувачката
пружина да покажува надолу.
Поставете го прстенот за собирање вода во позиција и
легнете ја затегнувачката пружина 3 на потпорните точки
4 на прстенот за собирање вода. (Окцата на краевите на
затегнувачката пружина служат за влечење на истата
нагоре.)
Со помош на затегнувачката сила на пружината прстенот
за собирање на вода со неговиот дихтунг ќе се притиснат
на подлогата и ќе го спречат протекувањето на вода со
вакуумот на вшмукувачот за мокро/суво вшмукување.
2 608 599 000: Прстенот за собирање вода може да се
врти во неговиот затегнувачки прстен, за да ги доведете
млазниците за вшмукување во саканата позиција (на пр.
за да го оптимирате одводот на вода при хоризонтално
дупчење). За таа цел отворете го затворачот 7 затворачот
на затегнувачкиот прстен на прстенот за собирање вода,
свртете го прстенот за собирање вода во саканиот правец
и повторно затворете го затворачот.
Употреба
 При дупчењето следете го упатството за употреба на
дијамантската дупчалка и сталакот за дупчалката.
Вклучете ја дијамантската дупчалка и завртете ја во ста-
лакот, додека крунестата бургија не се најде во прстенот
за собирање вода.
Потоа вклучете го доводот за вода на дијамантската
дупчалка како и вшмукувачот за мокро/суво вшмукување
(опрема). Дупчете до саканата длабочина.
Македонски | 39
2 608 599 000
2 608 599 000
мм
200
кг
0,8
2 608 599 001
2 608 599 001
мм
132
кг
0,4
1 609 92A 4F6 | (28.3.18)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

2 608 599 001

Table des Matières