Bosch RC 1 Professional Notice Originale page 145

Masquer les pouces Voir aussi pour RC 1 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-934-005.book Page 145 Wednesday, June 8, 2016 9:48 AM
Македонски | 145
За вртење во правец на стрелките на часовникот притиснете го копчето 4, а за
вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот притиснете го копчето
5. Во ротационен режим, притискањето на копчето нема дејство.
Во вертикална положба на ротациониот ласер, може да ги свртите ласерската
точка, ласерската линија или нивото на ротација околу вертикална оска.
Вртењето е можно само во полето на самонивелирање (5° кон лево или кон
десно).
За вртење кон десно притиснете го копчето 4, а за вртење во кон лево копчето 5.
Ресетирање, Функција за предупредување за удар
Ротациониот ласер има функција за предупредување за удар, која при промени
на положбата одн. потреси на ротациониот ласер или при вибрации на подлогата
го спречува нивелирањето на променетата висина и со тоа и грешките во висина.
Вклучувањето и исклучувањето на функцијата за предупредување за удар е
можно само на ротациониот ласер. Ако се активира функцијата за
предупредување за удар, може одново да се стартува со помош на далечинскиот
управувач.
По започнување на функцијата за предупредување за удар се стопира ротацијата
на ласерот на ротациониот ласер, ласерот трепка, приказот за нивелирање се
губи и приказот за предупредување за удар свети црвено. Актуелниот начин на
работа се зачувува.
При активирано предупредување за удар, притиснете кратко на копчето за
ресетирање на предупредување за удар 3. Функцијата за предупредување за
удар одново ќе се стартува и ротациониот ласер започнува со нивелирање.
Штом ќе се изнивелира ротациониот ласер (приказот за нивелирање на
ротациониот ласер свети непрекинато зелено), тој стартува во зачуваниот
режим на работа. Сега проверете ја висината на ласерскиот зрак на референтна
точка и коригирајте ја соодветно висината.
Работен пример
Вртење на ротационото ниво во вертикална положба (види слика B)
За да ја израмните ласерската линија или ротационото ниво на една референтна
точка на ѕид, поставете го ротациониот ласер во вертикална положба и
израмнете ја ласерската линија одн. ротационото ниво грубо на референтната
точка. За точно подесување на референтната точка притиснете го копчето 4
(вртење кон десно) или 5 (вртење кон лево).
Bosch Power Tools
1 609 92A 27C | (8.6.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières