Milwaukee HEAVY DUTY M18 FCOS230 Notice Originale page 64

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до отворите
за вентилација-ризик од куршлус!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини! Дискот и работниот дел
ќе се вжештат при употребата. Носете ракавици кога ги менувате
дисковите или го допирате работниот дел. Дланките нека ви бидат
постојано настрана од делот што го брусите.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не
горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите батерии,
со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток
спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18
систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на
суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен
напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте
се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги
убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги создава
краток спој, не ја потопувајте во течност алатката, заменливата
батерија или полначот и пазете во уредите и во батериите да не
проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати или
производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да
предизвикаат краток спој.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска
ќелиска батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика
сериозни внатрешни изгореници и да доведе до смрт во
што малку како два часа, ако се проголта или влегува
во телото. Секогаш прицврстете го капакот на батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го користите уредот,
отстранете ги батериите и чувајте го подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се влезени во телото,
веднаш побарајте медицинска помош.
НАВЕДЕНИ УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА
Рачниот циркулар е наменет за обработка на метал, камен и
керамички материјали.
Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите на
приборот.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ИЗБОР НА ДИСКОВИ ЗА СЕЧЕЊЕ
Подлога за сечење
Тип на диск за сечење
Неметални материјали
Диск за сечење од силициум
карбид
Метални материјали
Диск за сечење од алуминиум
оксид
Ѕидарски материјали
Дијамантски диск со ладење со
вода или диск за сечење од
силициум карбид
ПРИКЛУЧОК ЗА ВОДА
Достапно е поврзување на алатката со вода за ладење на дискот за
сечење и намалување на таложењето на прав. Ладењето со вода
треба да се користи при секоја употреба за сечење на бетон.
За најдобри резултати, дозволете водата да го обложи целиот диск за
сечење пред обработката.
126
МАКЕДОНСКИ
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY на оваа
алатка, Ве молиме прочитајте го упатството за брзо стартување или
посетете на интернет на: www.milwaukeetool.com/one-key. Апликацијата
ONE-KEY може да ја симнете на Вашиот смартфон преку App Store
или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth поврзувањето ќе
биде прекинато. Во таков случај, повторно воспоставете ја врската
рачно.
Уредот соодветствува на минималните барања според EN 55014-2 /
EN 301489-1 / EN 301489-17.
Индикатор ONE-KEY™
Сино постојано светло
Безжичниот режим е активен и
подготвен за конфигурирање
преку апликацијата ONE-
KEY™.
Сино трепкачко светло
Алатката активно комуницира
со апликацијата ONE-KEY™.
Црвено трепкачко светло
Алатката е заклучена поради
безбедност и може да ја
отклучи операторот преку
апликацијата ONE-KEY™.
СИСТЕМ ЗА КОЧЕЊЕ
Инерционата кочница се активира кога ќе се ослободи прекинувачот,
предизвикувајќи запирање на алатот за неколку секунди.
Вметнатиот алат треба целосно да запре пред да го оставите.
Во споредба со алати без инерциона кочница, времето на
самозапирање ќе се скрати значително преку кочење.
Ако времето помеѓу отпуштањето на прекинувачот и запирањето на
вметнатиот алат се зголеми премногу, потребно е сервисирање на
алатот од страна на овластен сервис на MILWAUKEE.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат
пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи
температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по
употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на суво
место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКА
БАТЕРИЈА
Батериското пакување е опремено со заштита од преоптоварување
што ја штити батеријата од преоптоварување и обезбедува долг
работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката на батеријата
автоматски ја исклучува машината. За да продолжите со работа
исклучете ја машината и вклучете ја повторно. Доколку машината не
се вклучи повторно, можно е батериското пакување да е испразнето.
Тогаш тоа ќе мора да биде наполнето во апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да
ги вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес
треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа
со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои
од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве
молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката
со учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај
Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Како производител, изјавуваме под целосна одговорност дека
„Техничките податоци" подолу го опишуваат производот со сите
релевантни одредби од регулативите 2011/65/ЕУ (RoHS), 2014/53/ЕЗ,
2006/42/ЕЗ и се усогласени со следниве хармонизирани регулаторни
документи:
EN 60745-1:2009+A11:2010
EN 60745-2-22:2011+A11:2013
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN 62479:2010
EN 301 489-1 V2.2.3
EN 301 489-17 V3.1.1
EN 300 328V2.2.2
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2021-01-26
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
СИМБОЛИ
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна маска.
Носете ракавици!
Не употребувајте сила.
Само за работи на сечење.
Не проголтајте ја ќелиската батерија!
Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно
со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата за
заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
Правец на движење
n
Номинална брзина
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
127

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

4745 70 02 série

Table des Matières