Одржување И Сервис; Совети При Работењето - Bosch 2 608 005 026 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour 2 608 005 026:
Table des Matières

Publicité

38 | Македонски
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сите делови што се движат не дојдат во состојба на
мирување.
Напомена: Поставете ја брусната лента така што нема да
се гледа местото кајшто ќе се залепи брусната лента.
Електричниот алат во брусната рамка не може паралелно
да се израмни, доколку местото за лепење при
израмнувањето се постави на делот што се обработува.
Чекори за монтирање (види слика A)
– Не го вртете вртливото копче (4) сѐ додека
електричниот алат не е вметнат.
❶ Поставете го електричниот алат со жлебот (3) од
страната на ексцентричните болцни (7).
❷ Потоа поставете го жлебот на спротивната страна на
ексцентричните болцни (6).
❸ Притиснете ја спојницата на електричниот алат
целосно во пружината на придржување (5). При
правилна монтажа, двете канџи се наоѓаат покрај
спојницата во двете ламели покрај пружината на
придржување (5).
– Поставете ја брусната рамка со вметнатиот
електричниот алат на рамна површина и олабавете ги
завртките (9), (10).
– Притиснете го електричниот алат надолу сѐ додека
рамномерно не легне на рамната површина и добро
затегнете ги завртките во оваа положба (9), (10).
– Вртете го вртливото копче (4) за да го поставите
интензитетот на отстранување на материјалот:
повеќе   =   вртливо копче (4) вртете кон десно (+).
помалку   =   вртливо копче (4) вртете кон лево (−).
Промена на брусната лента
Прво извадете го нагоре електричниот алат од
пружината (5). Потоа повлечете го електричниот алат од
ексцентричните болцни (6) и (7).
При повторно вметнување не е потребно повторно
израмнување на електричниот алат во брусната рамка.
Прилагодување при нерамномерно
отстранување на материјалот
На страната со поголемо количество на остаток од
материјал олабавете ја малку завртката (10). Потоа
завртете ја завртката (8) малку кон лево (притоа
електричниот алат ќе се подигне) и повторно затегнете ја
завртката (10).
Совети при работењето
Отстранувањето на материјалот и брусната шема се
одредуваат од положбата на вртливото копче (4) и од
гранулацијата на брусната лента.
Додатокот за четка (1) се препорачува за почувствителни
делови што се обработуваат и го подобрува всисувањето
прав.
1 609 92A 5MC | (02.03.2020)
Пластичниот додаток (2) се препорачува за правилно
рамно брусење, особено за рабови на делот што се
обработува.
Поставете ја брусната рамка со електричниот алат на
делот што се обработува и вклучете го истиот.
Работете со најмал можен притисок на брусење.
Тежината на електричниот алат е доволна за добар
капацитет на брусење. На тој начин се заштитува
брусната лента, површината на делот што се обработува е
помазна, а потрошувачката на енергија е пониска.
Работете со умерени движења, паралелно и со
преклопување кон брусните шини. Брусете во правец на
влакната, доколку брусите попречно може да
предизвикате груба абразија.
Исклучете го електричниот алат откако ќе го извадите од
делот што се обработува. Почекајте додека електричниот
алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете
настрана.
Одржување и сервис
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Отстранување
Брусната рамка, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières