Milwaukee DD3-152 Notice Originale page 109

Masquer les pouces Voir aussi pour DD3-152:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 38
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни
упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за
во иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА ПЕРКУСИОНИ
БОРМАШИНИ
Користете помошни рачки кои доаѓаат заедно со алатот.
Губењето контрола може да предизвика повреда.
з) Фаќајте го електро-алатот само на изолирани површини
за држење, додека извршувате работи, кај кои приборот
може да погоди сокриени струјни водови или сопствениот
кабел за напојување со струја. Контакт со жица под напон
исто така ќе направи проводници од металните делови и оној
кој ракува со алатот ќе доживее струен удар.
Останати безбедносни и работни упатства
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна
Mak
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни
ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита
за уши.
Носете заштитни ракавици при замена на круната за дупчење.
При подолга работа на електро-алатот круната за дупчење
може да стане жешка.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да
биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го
телото. Користете систем за апсорпција на прашината и
носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно
наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за
напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат
да предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Вграденото фрикционо квачило секогаш реагира на незгодно
заглавување, поради што треба секогаш да ја користите
дополнителната рачка.
Пред употреба проверете дали машината, кабелот и
приклучокот се исправни. Ако се оштетени дозволени се
поправки исклучиво од авторизираниот сервис.
Внимавајте на тоа, луѓето во работното подрачје како и
електро-алатот да не дојдат во контакт со вода што излегува.
По прекин на вашата работа повторно вклучете ја
дијамантската бор-машина само откако ќе се уверите, дека
круната за дупчење се врти слободно.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да
го загрозат здравјето (на пр. азбест).
Никогаш не го оставајте електро-орудието ако орудието за
применување не е дојдено во потполно мирување. Електро-
алатот што се врти може да дојде во контакт со површината,
на којашто се остава, а на тој начин можете да ја изгубите
контролата над електро-алатот.
Проверете ги круните за дупчење пред употребата. Употребувајте
само уредни круни за дупчење. Оштетени или деформирани
круни за дупчење можат да доведат до опасни ситуации.
Македонски
106
Проверете ја круната за дупчење по однос на цврста поставеност.
Погрешно или несигурно прицврстени круни за дупчење
можат да се откачат за време на работата и да ви предизвикаат
опасност.
Овој апарат смее да се употребува само со управување со две
раце или на пултот за дупчење.
Не изложувајте го стативот на бормашината на дожд и не
употребувајте го во водени, влажни простории или во простории
со опасност од експлозија.
Секогаш грижете се за безбедна подлога и држете ја машината
со девте раце. Држете ги децата и животните далеку од зоната
на работа.
Кај влажно дупчење на висина над глава, водата што излегува
мора да се собира. За таа цел ставете го електро-алатот во пулт
за дупчење и монтирајте прстен за собирање вода.
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш
да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно
додека употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело
да дојде до повратен удар со висок момент на реакција.
Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето на
употребеното орудие имајќи ги во предвид напомените за
безбедност.
Можни причини за тоа може да бидат следните:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• кршење на материјалот што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да стане
многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете
го кабелот од струјата.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Дијамантската бор-машина се употребува за суво дупчење во
цигла и варовнички песочен камен како и за влажно дупчење
во бетон.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за
струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон
наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на
приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува
на безбедност од 2 класа.
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Dr152 t4315 31 02 série4280 01 02 série

Table des Matières