Bosch GLM 150 Professional Notice Originale page 213

Masquer les pouces Voir aussi pour GLM 150 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
OBJ_BUCH-947-007.book Page 213 Friday, July 8, 2016 10:44 AM
постојан ласерски зрак 2. На екранот непрекинато свети
приказот „LASER".
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Ласерскиот зрак во оваа поставка, останува вклучен и
помеѓу мерењата, а за мерење, потребно е само еднаш
кратко да го притиснете копчето Мерење 7.
За исклучување на постојаниот ласерски зрак, одново
притиснете го копчето 2 или исклучете го мерниот уред.
Доколку постојаниот ласерски зрак се исклучи за време на
мерењето, мерењето автоматски завршува.
Осветлување на екранот
За вклучување и исклучување на осветлувањето на
екранот притиснете на копчето 11. Доколку 10 с. по
вклучувањето на осветлувањето на екранот не се
притисне некое копче, тој се исклучува заради заштита на
батериите.
Сигнален тон
За вклучување и исклучување на
сигналниот тон притискајте на
копчето за промена на функција 3,
додека на екранот не се појави
приказ за поставување на тонот. Со
притискање на копчето Плус 6 одн.
Минус 12 ја избирате саканата
поставка.
При исклучување и вклучување на мерниот уред,
избраната поставка за тон останува зачувана.
Менување на мерната единица
Мерната единица за приказ на измерените вредности
може да ја промените во било кое време.
На располагање ги имате следните мерни единици:
– Мерење на должини: м, см, мм,
2
– Мерење на површини: м
,
3
– Мерење на волумен: м
.
За промена на мерната единица
притискајте го копчето за промена
на функција 3, додека на екранот не
се појави приказот за мерна
единица. Со притискање на копчето
Плус 6 одн. Минус 12 ја избирате
саканата мерна единица.
Мерни функции
Едноставно мерење на должини
За мерење на должини притискајте го копчето 4, додека
на екранот не се појави приказот за мерење на
должини
.
Bosch Power Tools
За целење и мерење притиснете
еднаш кратко на копчето мерење 7.
Измерената вредност ќе се
прикаже во редот со резултат c.
При мерење на повеќе должини
едно по друго, ќе се прикажат
резултатите од последните мерења
во редови каде е прикажана измерената вредност a.
Мерење на времетраење
При континуираното мерење, мерниот уред може
релативно да се движи кон целта, при што измерената
вредност ќе се ажурира на секои 0,5 с. Напр. може да се
оддалечите на некое растојание од ѕидот, а моменталното
растојание секогаш ќе биде читливо.
За континуирано мерење најпрво изберете ја функцијата
мерење на должини и потоа притискајте на копчето
Мерење 7 додека на екранот не се појави приказот
континуирано мерење. Ласерот ќе се вклучи и мерењето
веднаш ќе започне.
Актуелната измерена вредност ќе
се прикаже во редот со резултат c.
Со кратко притискање на копчето
Мерење 7 завршете го
континуираното мерење.
Последната измерена вредност ќе
се прикаже во редот со резултат c.
Со долго притискање на копчето
Мерење 7 континуираното мерење стартува одново.
Континуираното мерење автоматски се исклучува по
5 мин. Последната измерена вредност ќе се прикаже во
редот со резултат c.
Мерење на минимум/максимум (види слики F–G)
Мерењето на минимум служи за соопштување на
најкраткото растојание од една фиксна референтна точка.
Тоа помага напр. при соопштување на вертикали и
хоризонтали.
Мерењето на максимум служи за соопштување на
најголемото растојание од една фиксна референтна
точка. Тоа помага напр. при соопштување на дијагонали.
За еднократно мерење на минимунот/максимумот
најпрво изберете ја функцијата за мерење на должини и
потоа притиснете го копчето 13. Во редот со резултат c ќе
се прикаже „min" за мерење на минимумот. За мерење на
максимумот одново притиснете го копчето 13,така што ќе
се прикаже „max" во редот со резултат. Потоа притиснете
го копчето Мерење 7. Ласерот ќе се вклучи и мерењето ќе
започне.
Движете го ласерот преку целта наваму-натаму (на пр. од
аголот на просторијата при одредување на дијагонали),
така што референтната точка на мерење (на пр. врвот на
чивијата-граничник 18) секогаш ќе стои на истото место.
Македонски | 213
за
1 609 92A 1YW | (8.7.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Glm 250 vf professional

Table des Matières