степен на еколошка прилагодливост, кој сепак е
запалив.
• При транспорт и инсталација на апаратот, осигурајте
се дека ниту еден од деловите на ладилниот круг не
е оштетен.
- избегнувајте отворен оган и извори на запалување
- темелно проветрете ја просторијата во која е
поставен апаратот
• Опасно е да се менуваат спецификациите или да се
модифицира овој производ на било каков начин.
Секоја штета на кабелот може да предизвика краток
спој, пожар и/или електричен удар.
• Овој апарат е наменет за употреба во домаќинства
и слични примени, како што се:
- кујни за персонал во продавници, канцеларии и
други работни средини;
- фарми и од страна на гости во хотели, мотели и
други резиденцијални објекти;
- објекти тип „bed and breakfast";
- кетеринг и слични апликации кои не се малопродажни.
Сите електрични компоненти (приклучок, кабел за
напојување, компресор и сл.) мора да се заменуваат
од овластен сервис или квалификуван сервисен
персонал.
Сијаличката доставена со овој апарат е „сијаличка за
специјална намена" која може да се користи само со
доставениот апарат. Оваа „сијаличка за специјална
намена" не е погодна за домашно осветлување.
• Кабелот за напојување не смее да се продолжува.
• Осигурајте се дека приклучокот за струја не е
стискан или оштетен од задниот дел на апаратот.
Стиснат или оштетен приклучок може да се прегрее
и да предизвика пожар.
• Осигурајте се дека можете да пристапите до
главниот приклучок на апаратот.
• Не влечете го главниот кабел.
153
MK
1