ИНФОРМАЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Во интерес на вашата безбедност и за правилна
употреба, пред да го инсталирате и првпат го
користите апаратот, внимателно прочитајте го овој
кориснички прирачник, вклучувајќи ги неговите
совети и предупредувања. За да избегнете
непотребни грешки и незгоди, важно е да се
обезбеди дека сите лица кои го користат апаратот
се темелно запознаени со неговото работење
и безбедносните функции. Зачувајте ги овие
инструкции и осигурајте се дека ќе останат со
апаратот ако тој се преместува или се продава, така
што секој кој го користи во текот на неговиот животен
век ќе биде правилно информиран за користењето и
безбедноста на апаратот.
За безбедноста на животот и имотот, придржувајте
се до претпазливостите од овие кориснички
инструкции, бидејќи производителот не е одговорен
за штети предизвикани од пропуст.
Безбедност на деца и ранливи лица
• Овој апарат може да го користат деца на возраст
од 8 години и постари и лица со намалени физички,
сетилни или ментални способности, или недостаток
на искуство и знаење, ако се под надзор или ако
им се дадени инструкции за безбедна употреба на
апаратот и ја разбираат опасноста.
• Децата на возраст од 3 до 8 години можат да го
полнат и празнат овој апарат.
• Децата треба да бидат под надзор за да се осигура
дека не се играат со апаратот.
• Чистење и корисничко одржување не треба да го
вршат деца, освен ако се на возраст од 8 години и
постари и се под надзор.
• Чувајте ја целата амбалажа далеку од деца. Постојат
151
MK