Совети При Работењето - Bosch GOF 1250 CE Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GOF 1250 CE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
OBJ_BUCH-2018-004.book Page 171 Monday, February 16, 2015 1:39 PM
По растеретувањето на електричниот апарат, моторот
веднаш стартува со висок број на работни вртежи.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот апарат по
прекин на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/
исклучување 29 ставете го во положба Исклучено и
одново вклучете го електричниот апарат.
Лост за деблокирање (види слика C)
Ресетирањето на лостот за деблокирање 23 се врши
веднаш по отпуштањето. За подобра сила на држење,
лостот за деблокирање 23 мора да се повлече до крај. По
потреба, силата на држење може дополнително да се
подеси. Ставете внатрешен шестаголен клуч (4 мм) во
отворот на рачката. За зголемување на силата на држење,
свртете го шестаголниот внатрешен клуч во правец на
стрелките од часовникот, а за намалување на силата на
држење во правец спротивен на стрелките од часовникот.
Подесување на длабочината за глодање
(види слики D и E)
 Подесувањето на длабочината на глодање смее да
се врши само доколку електричниот апарат е
исклучен.
За грубо подесување на длабочината на глодање
постапете на следниот начин:
– Електричниот апарат со монтирана глодалка поставете
го на делот што се обработува.
– Со вртливото копче 25 поставете ги границите на фино
подесување на средината. Свртете го вртливото копче
25, додека не се поклопат ознаките 19 како што е
прикажано на сликата. На крај свртете ја скалата 24 на
„0".
19
– Градираниот граничник 9 поставете го на најнизок
степен; при вклопувањето градираниот граничник
кликнува.
– Олабавете го шрафот на граничникот за длабочина 15
14, така што граничникот за длабочина 14 ќе може
слободно да се движи.
– Притиснете го лостот за деблокирање 23 и полека
водете ја површинската глодалка надолу, додека
глодалката 5 не ја допре површината на делот што се
обработува. Повторно отпуштете го лостот за
деблокирање 23 за да ја фиксирате оваа позиција.
– Притиснете го граничникот за длабочина 14 надолу,
додека не легне на градираниот граничник 9.
GOF 1250 LCE: Вклучете го дигиталното подесување
на длабочина на прекинувачот за вклучување/
исклучување 18. Притиснете го копчето 16 за
Bosch Power Tools
подесување на нулта точката на граничникот за
длабочина 14.
GOF 1250 CE: Лизгачот со индекс ознаката 27
наместете го на позиција „0" на скалата за длабочина на
глодање 26.
– Поставете го граничникот за длабочина 14 на саканата
длабочина за глодање и затегнете го шрафот 15 на
граничникот за длабочина 14.
GOF 1250 CE: Внимавајте на тоа, лизгачот со индекс
ознаката 27 да не го поместувате повеќе.
– Притиснете го лостот за деблокирање 23 и водете ја
површинската глодалка во најгорната позиција.
При големи длабочини на глодање треба да се направат
повеќе процеси на обработка со помало вадење
струготини. Со помош на градираниот граничник 9 може
да го поделите процесот на глодање на повеќе степени.
Притоа, подесете ја саканата длабочина на глодање со
најнизок степен на градираниот граничник и за првиот
процес на обработка изберете го највисокиот степен.
Растојанието помеѓу степените може да се промени со
вртење на шрафовите за подесување 10.
По пробата за глодање, со вртење на вртливото копче 25
можете да ја подесите длабочината на глодање точно на
саканите димензии; свртете во правец на стрелките на
часовникот за зголемување на длабочината на глодање, а
за намалување на длабочината на глодање свртете во
правец спротивен на стрелките од часовникот. Скалата 24
служи за ориентација. Едно вртење одговара на должина
на подесување од 2,0 мм, една од цртичките на долниот
раб на скалата 24 одговара на промена на должината на
подесувањето од 0,1 мм. Максималната должина на
подесување изнесува ± 8 мм.
Пример: Потребната длабочина на глодање треба да
изнесува 10,0 мм, а при пробното глодање сте измериле
длабочина од 9,6 мм.
– Свртете ја скалата 24 на „0".
– Свртете го вртливото копче 25 за 0,4 мм/4 цртички
(разлика од зададената и реалната вредност) во правец
на стрелките на часовникот.
– Проверете ја избраната длабочина на глодање со уште
едно пробно глодање.
GOF 1250 CE: По поставувањето на длабочината на
глодање, не ја менувајте повеќе позицијата на лизгачот 27
на граничникот за длабочина 14, за да може во секое
време да ја прочитате моменталната длабочина на скалата
26.
GOF 1250 LCE: Ќе се прикаже моменталната длабочина
на глодање на екранот 21.
Совети при работењето
 Заштитете ги алатите за глодање од удари.
Правец и процес на глодање (види слика F)
 Процесот на глодање секогаш мора да се извршува
спроти правецот на ротација на глодалката 5
(спротивен тек). При глодање во правец на ротација
(ист тек) електричниот апарат може да ви избега од
раката.
Македонски | 171
1 609 92A 16H | (16.2.15)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gof 1250 lce professional

Table des Matières