Télécharger Imprimer la page

Bosch GBH 18V-22 Professional Notice Originale page 201

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 23
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
u
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за чекани
Безбедносни упатства за сите типови работа
Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава
u
може да предизвика губење на слухот.
Користете дополнителни рачки, доколку се
u
испорачани со алатот. Губење на контрола може да
предизвика телесни повреди.
Држете го електричниот алат за изолираната
u
површина додека сечете, за опремата за сечење и
прицврстувачот да не дојдат во контакт со скриена
жица. Ако опремата за сечење и прицврстувачите
дојдат во допир со „жица под напон", може да ги
изложат металните делови на електричниот алат „под
напон" и операторот може да добие струен удар.
Безбедносни упатства при користење на долги бургии
со ротирачки хилти
Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и
u
врвот на бургијата да биде во допир со делот што се
обработува. При поголема брзина, бургијата може да
се искриви ако слободно ротира надвор од делот што
се обработува, и да се повредите.
Притискајте само во директна линија со бургијата и
u
не вршете преголем притисок. Бургиите може да се
искриват и скршат, со што може да изгубите контрола
и да се повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
При оштетување и непрописна употреба на
u
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
Bosch Power Tools
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Користете ја батеријата само во производи на
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Кратко по употребата не ги допирајте алатите за
u
вметнување или соседните делови на куќиштето.
За време на работата тие може да бидат многу жешки и
да предизвикаат изгореници.
Алатот за вметнување може да се заглави за време
u
на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и
цврсто држете го електричниот алат со двете раце.
Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз
електричниот алат.
Бидете внимателни за време на кршењето со длето.
u
Деловите што паѓаат од материјалот за кршење може
да ги повредат присутните или себе си.
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Прифатот за кука за закачување (6)и куката за
u
закачување не служат како безбедносна преграда.
Користете го прифатот за куката за закачување (6)
исклучиво за прицврстување на кука за закачување.
Никогаш не прицврстувајте го делот за заштита од
u
паѓање (24) на прифатот за куката за
закачување (6).
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Македонски | 201
1 609 92A 7BY | (19.04.2023)

Publicité

loading