Milwaukee Heavy Duty M18 BMS12 Notice Originale page 92

Masquer les pouces Voir aussi pour Heavy Duty M18 BMS12:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
потполно мирување. Применетото орудие може да се заглави и
да доведе до загуба на контрола врз апаратот.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18
систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само
на суво место. Чувајте ги постојано суви.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Mak
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на
суво место.; Акумулаторот да се складира на приближно 30%-
50% од состојбата на наполнетост.; Акумулаторот повторно да се
наполни на секои 6 месеци.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција и
транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Македонски
88
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде
до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет е
транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии. За
понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Машината е наменета за сечење лим без тензија загуба. Таа е
погодна за криви и прави намалувања.
ОДРЖУВАЊЕ
Постојано отстранувајте прашина и нечистотија од апаратот.
Одржувајте ја рачката чиста, сува и без масти или масло.
Средства за чистење и разредување се штетни по пластиките и
други изолирачки делови, затоа чистете само со нежен сапун и
влажна крпа. Никогаш не употребувајте запаливи средства за
разредување во близина на апаратот.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот
на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај
локалниот застапник или директно кај:
Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Germany.
ЕУ ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот
опишан во „Технички податоци" е во сообразност со сите
релевантни прописи од директивите
2011/65/EU (RoHS)
2006/42/EC
2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди 0
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-8:2016
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-11-20
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Heavy duty m18 bms20

Table des Matières