Télécharger Imprimer la page

Stiga R72 Li 48 V1 Manuel D'utilisation page 530

Tondeuse à gazon à conducteur assis, alimentation par batterie
Masquer les pouces Voir aussi pour R72 Li 48 V1:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 357
9.3.4
Промена на гумата
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Проверете дали косилката е стабилна и
цврсто поставена во текот на дигањето.
Ако забележите нешто невообичаено,
веднаш спуштете ја дигалката, проверете
и отстранете ги можните дефекти, и
повторно подигнете ја косилката.
1. Извадете го капакот (сл. 30.A).
2. Подигнете ја доволно, за да можете
лесно да го извадите тркалото.
3. Со помош на одвртувач, извадете
го еластичниот прстен (сл. 30.B) и
потпорната подлошка (сл. 30.C).
4. Извадете го тркалото што
треба да се промени.
5. Премачкајте ја осовината (сл. 30.D) со маст.
6. Монтирајте го резервното тркало.
7. Внимателно вратете ги потпорниот
мутер и еластичниот прстен.
ЗАБЕЛЕШКА
Проверете дали двете задни тркала се на
иста висина (сл. 31.A), и дали разликата на
надворешниот дијаметар меѓу двете тркала
(сл. 31.B) не е поголема од 8-10 mm. Во
спротивно, за да се избегне нерамномерно
косење, склопот на сечилото мора да се
подеси во Овластениот сервисен центар.
9.3.5
Поправка и замена на гумите
Гумите се од типот „Tubeless" така што
сите дупки мора да се санираат од страна
на сервисер за гуми според соодветната
постапка за овој тип на гуми.
9.4
ЗАМЕНА НА LED СВЕТИЛКИТЕ
Ако LED светилката не работи, контактирајте
со овластен сервисен центар.
10. СКЛАДИРАЊЕ
Кога косилката треба да се складира
на период подолг од 30 дена:
1. Извадете го клучот за палење.
2. Темелно исчистете ја косилката.
3. Проверете дали е оштетена косилката.
Ако е потребно, контактирајте со
овластен сервисен центар.
4. Складирајте ја косилката:
• склопот на сечилото да биде
во спуштена положба
• на суво место;
• заштитена од лоши временски
услови на препорачана
температура помеѓу 0 и +40°C.
• по можност покриена со прекривка;
• подалеку од дофат на деца;
• уверувајќи дека сте ги тргнале
клучевите и опремата што ја
користевте при одржувањето.
ВНИМАНИЕ
Проверувајте дали акумулаторот е
целосно наполнет најмалку еднаш
месечно и пред секоја употреба.
При повторно стартување на косилката,
подесете ја како што е наведено во
поглавје „7. „Употреба на косилката".
11. РАКУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ
• При ракување со косилката, секогаш:
1. деактивирајте го сечилото;
2. поставете го склопот на сечилото
во највисоката позиција;
3. исклучете ја косилката и извадете
го клучот за палење
4. исклучете го погонот (пас.6.3).
• Кога ја транспортирате косилката со
возило или приколка, секогаш:
• користете подигнувачка платформа со
соодветна јачина, ширина и должина,
• товарете ја косилката со изгаснат
електромотор, со клучот за палење
изваден од клучалката, без операторот
и со помош на други лица;
• спуштете го склопот на сечилото;
• поставете ја така што нема да
биде опасност за никого;
• вклучете го погонот (пас.6.3).
• цврсто заклучете го на превозното
средство со јажиња или ланци за
да не се преврти или оштети.
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ако не можете да ракувате или
превезувате во безбедни услови,
контактирајте со сервисниот центар.
12. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Ова упатство ги претставува сите неопходни
индикации за управување со косилката и
за правилно одржување што ги извршува
корисникот. Сите интервенции и одржувања
MK - 25

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

R72 li 48 v2